Игротека

Американец поставил електрична ограда за да не му влегуваат деца на имотот

Во денешниов суров свет не е изненадување тоа што човек од Вирџинија, САД, ставил електрична ограда на својот имот, кој се наоѓа блиску до училишната автобуска постојка, за да не му влегуваат деца на имотот. Подоцна ја тргнал електричната ограда, но не за да ги заштити децата, туку затоа што открил дека ја поставил на државен имот.
Колку фино од негова страна!
Како што раскажува Брајан Такер, кој ја поставил оградата, му дошло преку глава од децата кои постојано се расправале и пцуеле на неговиот имот. Тој морал да постави знак „Забрането поминување“.
– Тие не го почитуваат имотот на другите луѓе. Секој ден собирам ѓубре – вели тој.
Затоа, следниот чекор бил да постави електрична ограда. Точно е дека нервира кога луѓето влегуваат по вашиот имот, но тоа не е оправдување да поставите систем што ќе им предизвика електричен удар.

Родителите веќе изразија загриженост поради тоа што нивните деца поминуваат покрај електрична ограда.
– Ја допрев, ме фати струја и не беше добро. Ја разбирам неговата грижа, но мислам дека тој не ја сфаќа загриженоста на соседите за нивните деца – вели Џејмс Мехфуд, кој живее во близина.
Но, испаднало дека оградата на Такер не била поставена на неговиот имот. Официјалните лица од округот му кажале дека треба да ја помести за да биде легално поставена. Тој се согласил и потенцирал дека ја отстранува затоа што не одговарала на законите, а не затоа што децата можеле да се повредат.
Тој не знае дали ќе постави нова ограда – се надева дека првата ограда била доволно заканувачка за децата да се тргнат од неговиот имот.
– Пораката е сфатена. Родителите зборуваат за ова – вели тој.

Поврзани написи

To top