Оваа приказна треба да се смета за емпириски доказ дека мајките се суперхерои во вистинскиот живот.
Во 2019 година олимписката спринтерка Алисон Феликс го сруши рекордот на Усеин Болт. Како тоа да не беше доволно само по себе – таа го направи овој подвиг по само 10 месеци откако роди дете.
Алисон го освои 12. златен медал на Светското првенство, како претставник на САД. Со тоа, таа бележи рекорд на најмногу освоени златни медали на светски шампионати. Го сруши светскиот рекорд за помалку од една година откако породилиштето беше нејзиниот свет. Како што завршува 2019 година, приказната на оваа мајка е една од најинтересните спортски приказни на годината.
Се работи за зачудувачко постигнување. Да се сруши кој било атлетски рекорд е големо достигнување, но поимпресивно е тоа што Алисон успеа да надмине легенда каква што е Усеин Болт. Веднаш откако го сруши рекордот, атлетичарката објави фотографија на која трча и напиша: „Ова е за моето бебе“.
фото: Твитер
Алисон имала тешка, комплицирана бременост и породување.
– Знам како да се грижам за себе. Знам како да се хранам здраво и да се одморам. И го правев сето тоа во текот на мојата бременост. Но, кога отидов во болница (во 32. недела), знаев дека нешто не е во ред. Крвниот притисок ми беше премногу покачен. Чукањето на срцето на бебето се забавуваше. Тоа беше опасно и за двајцата и ако не се смиреше набрзо, ќе требаше да се породам со царски рез, за 48 часа. Неверојатно е како приоритетите ви се менуваат во вакви моменти. Тогаш се грижев единствено за мојата ќерка, таа да биде во ред. Не се грижев дали повторно ќе трчам. Само се молев таа да биде добро – вели Алисон.
Но, таа успеа пак да трча – се појави на патеката по осум месеци од раѓањето на нејзината ќерка, а мајчинството ја направи посилна и подобра од порано. Мајчинството ја инспирирало на навистина важни начини: во август, таа била инспирирана да им се приклучи на жените атлетичарки за да ја предизвикаат компанијата „Најк“ да ги промени политиките за мајчинството за атлетичарите.
Алисон Феликс е неверојатна и е доказ дека мајчинството не ги забавува жените во она што го прават.
Автор: Хедер Марко
912