Воспитување

Акушерки добиле отказ бидејќи на „Тик-ток“ се исмејувале со барањата на пациентките

Група акушерки во Универзитетската болница „Емори Мидтаун“ во Атланта, САД, биле отпуштени откако направиле видео во кое се потсмеваат со пациентите и нивните барања, кое брзо станало вирално на „ТикТок“.

Во видеото, кое во меѓувреме е избришано од оригиналниот профил, но е повторно објавено од многу други, акушерките се менуваат и ги споделуваат барањата на пациентите кои, како што велат, „ги боли глава“.

Една акушерка вели дека мрази кога мајките прашуваат колку тежат нивните бебиња, друга не може да издржи кога жените на сред породување се жалат дека се гладни и жедни, трета ги осудува мајките што тврдат дека имаат болки дури и пред да започне активното породување и одбиваат епидурална.

Во коментарите, луѓето го изразиле своето згрозување и разочарување поради недостигот на емпатија кај акушерките и целосното непочитување на приватноста на пациентите. Жените што доживеале траума при раѓање споделиле колку лошо се чувствувале по објавувањето на видеото, додека стотици други ги критикувале акушерките за нивната бесчувствителност.

На 8 декември болницата на Фејсбук објавила дека сите акушерки што учествувале во видеото се отпуштени.

„Свесни сме дека видеото содржи непрофесионални коментари за пациентите. Ова видео не ја претставува нашата посветеност на грижата за пациентите и не ги исполнува вредностите и стандардите за кои се залагаме“, велат тие.

Државата во која се наоѓа болницата има највисока стапка на смртност на мајки

Според студијата од 2021 година објавена од  „International Journal of Maternal and Child Health and AIDS“, во државата Џорџија, во која се наоѓа Универзитетската болница „Емори Мидтаун“, е на врвот на листата со највисока стапка на смртност кај мајките – 46,2 смртни случаи на мајки на 100.000 живородени деца. За афроамериканските жени, стапката на смртност е 66,6 мајки на 100.000 живородени деца.

Постојат неколку фактори што придонесуваат за високата стапка на смртност на мајките во Џорџија, вклучително и физичката средина, економската стабилност, пристапот до здравствена заштита и што е најважно, квалитетот на мајчината грижа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top