Двејн Џонсон пее песна од анимираниот филм „Моана“ со својата ќерка, која „нема поим“ дека тој го позајмува гласот за Мауи.
Двејн Џонсон, или попознат како Рок, сподели на социјалните мрежи слатко видео на кое заедно со својата речиси двегодишна ќерка Тиана пее песна од долгометражниот анимиран филм „Моана“. Актерот многу хумористично посочува дека неговата ќеркичка нема поим дека неговиот глас е всушност оригиналниот глас на нумерата и на еден од ликовите во анимираниот филм.
Тој се пошегува дека тоа е 937. пат тој ден како неговата ќерка бара да ѝ ја пее песната на Мауи.
„Таа нема поим дека ние двајца, јас и Мауи, сме истата личност“, напиша Џонсон, а во продолжение додаде: „Со што сè се соочуваат мајките и татковците во нивните семејства за време на пандемијата на коронавирусот“.
Претходно овој месец Џонсон објави видео на Инстаграм на кое ја пее истата песна со Тиана додека ја учи како правилно да си ги мие рачињата.
„Сега, бебето Ти бара да го изведувам рап-делот од мојата песна – You’re Welcome од „Моана“ додека ѝ ги мијам рачињата“, напиша Џонсон:
Автор: Кимберли Ричардс
Извор: huffpost.com