Откако минатата година објави дека ќе стане мајка, актерката Хилари Свонк постојано се смее. Дури и на нејзината последна објава на „Инстаграм“ блика од среќа, а и реакциите се такви.
Има ли некој што не ја сака Хилари Свонк? Како актерка, како личност. Таа е една од оние луѓе на кои сите им се смешкаат, еден од оние типови „девојки од соседството“ на кои не можете да им замерите. Но, кога остана бремена, многумина имаа што да кажат…
Имено, бидејќи актерката веќе има 49 години, многумина коментираа дека е премногу стара за да стане мајка. Сепак, Хилари успешно ги отфрла сите коментари со својата заразна насмевка и фактот дека е сосема сигурна оти токму сега требало да стане мајка.
Иако, како што изјави Хилари, отсекогаш знаела дека сака да стане мајка, и за тоа размислувала интензивно одредено време, па дури минатата година сѐ се составило и сега едвај чека да стане мајка на близнаци.
Близнаците, чиј пол Хилари сè уште не го открила, треба да се родат на посебен датум, на роденденот на таткото на Хилари, кој почина кон крајот на 2021 година.