Оваа силна порака на познатата актерка има цел да ги поттикне сите малечки деца на емпатија и љубезност кон другите.
Важно е да се разбудат емпатијата и разбирањето за сите оние избегнувани и осамени, да се биде пријател или барем љубезен поминувач… Оваа порака е особено важна за учениците, за кои создавањето пријателства е многу битно. Поради тоа, актерката Џулија Робертс решила да сподели силна порака за сите деца во училишните клупи.
фото извор: Los Angeles Times
Пораката на Џулија ги воодушевила луѓето од целиот свет и со восхит ја споделуваат нејзината порака преполна со љубов.
„Посебно барање од сите вас што одите на училиште: Доколку видите некој што тешко создава пријателства или дека другите го исмејуваат бидејќи нема другарчиња, ако е срамежлив или не е доволно убав, без модерна и тренди облека – ве молам, пријдете му! Кажете му здраво или барем насмевнете се додека поминувате. Никогаш не знаете со што се соочува таа личност надвор од училиштето. Вашата љубезност може да направи огромна разлика во нечиј живот“.
View this post on Instagram
♥️ ? thanks @andreaorbeck for posting this gentle reminder for all of us ✨
912