Воспитување

„Ако сте огорчени, тоа ќе го почувствуваат и вашите деца“

„Вашите деца сакаат да имаат најдобар можен однос со вас. Тие се 100 отсто посветени на идејата. Повеќе од кој било што сте го сретнале во животот“, вели клиничкиот психолог и професор на Универзитетот во Торонто, Џордан Петерсон.

Тоа значи дека можете да имате најдобар однос со вашите деца. Подобро отколку што сте имале со кого било.

– Тоа ви го нудат вашите деца. На вас останува да го сфатите. Тоа е добра можност за вас. Така, дури и ако сте паѓале многу пати во животот, сте биле повредени, покрај вас имате деца кои мислат: „Што би сакал да правиме тато?“

Ако сте огорчени, тоа ќе го почувствуваат и тоа многу ќе ги повреди. А вие не го сакате тоа, вели психологот.

Инаку, Џордан Петерсон е автор на бестселерот „12 правила за живот: противотров на хаосот“, кој е продаден во милиони примероци низ Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд и други земји.

Во ова видео тој нè потсетува како нашето лошо расположение и лоша волја ќе ја расипат врската со децата и нè потсетува на тешко подносливата вистина дека оваа врска зависи само од нас, возрасните.

Извор

Поврзани написи

To top