Воспитување

Ако сте ги слушале овие три фрази како дете, сте имале нарцисоиден родител

Растењето со нарцисоиден родител може да има долготрајни ефекти врз емоционалната стабилност, врските и самодовербата на детето. Нарцисоидното однесување често вклучува обвинување на другите, избегнување конфликти и негирање на туѓите емоции, што може да доведе до чувство на несигурност и ниска самодоверба кај детето. Истражувањата покажуваат дека возрасните што пораснале со нарцисоидни родители често имаат проблеми со довербата, комуникацијата и ранливоста во подоцнежниот живот.

Препознавањето на деструктивните обрасци од детството е првиот чекор кон исцелување. Ако некое лице често слушало одредени фрази кои ги намалуваат неговите емоции, постои голема веројатност да пораснало во нарцисоидна средина, велат експертите. Тие нагласуваат дека станувањето свесен за овие искуства може да помогне да се скршат токсичните обрасци и да се изградат поздрави односи.

Така, според психолозите, терапевтите и советниците, овие фрази откриваат нарцисоидни родители.

„Премногу си чувствителен“

Според советничката Шери Гордон, нарцисоидните родители често ја користат оваа фраза за да ги минимизираат емоциите на нивните деца и да избегнат одговорност за нивното однесување. Ова може да биде пример за излудување или на англиски „гаслајтинг“ – манипулативна техника што се користи за да се натера друго лице да се сомнева во сопствените чувства и перцепција на реалноста.

„Премногу драматизираш“

Нарцисоидните родители избегнуваат ранливост и често ги отфрлаат чувствата на нивното дете како неважни. Според психологот Хал Шори, оваа фраза не само што ги охрабрува децата да ги потиснат своите емоции, туку може да создаде и долготрајно незадоволство кое се пренесува во зрелоста.

Наместо да се вклучат во искрени разговори и да преземат одговорност за своите постапки, нарцисоидните родители користат изјави како овие за да избегнат конфликт и да го заштитат својот имиџ како совршен родител.

„Можев да имам многу подобар живот без деца“

Според терапевтот и советник Накпанга Томас, нарцисоидните родители често покажуваат недостиг на емпатија и себичност, дури и кон своите деца. Изјави како „Ти дадов сè, а што добив за возврат?“ или „Мојот живот би бил многу подобар без деца“ може да остави длабоки емоционални рани и да создаде чувство на вина кај децата.

Таквите родители често создаваат надворешна слика за идеален родител, но во приватноста на домот изразуваат незадоволство и ги пренесуваат сопствените фрустрации на децата.

Овие фрази се само некои примери за тоа како нарцисоидните родители манипулираат со своите деца и го обликуваат нивниот поглед за себе и за светот. Разбирањето на овие обрасци може да биде првиот чекор кон емоционално исцелување и разбивање на токсичната динамика во животот на возрасните.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top