Здравје

Ако сакате здрави деца, нека имаат појадок пред училиште и овошје и зеленчук за ужина

Од почетокот на новата учебна година, во вечната борба по нови учебници, тетратки и моливи, родителите се соочуваат со уште една борба – здрава исхрана за нивните деца и предизвикот да обезбедат хранливи оброци кои ќе бидат енергетски и нутритивно доволни во текот на долгите часови поминати во училишната клупа, а воедно и прифатливи по вкус.

Улогата на исхраната во развојот на децата е добро позната. Квалитетните нутритивни избори придонесуваат за правилен раст и развој на децата и отсуството на нутритивни дефицити. Од друга страна, честото консумирање нутритивно сиромашна храна придонесува за прекумерна тежина, дебелина и појава на одредени болести поврзани со исхраната, на пример, дијабетес тип 2, почесто и на помлада возраст од очекуваното за оваа болест. Истовремено, усвојувањето правилни навики во исхраната уште од рана возраст придонесува за долгорочно здравје.

Со почнувањето на училиште, кога детето „излегува“ од контролираните и регулирани нутритивни услови во семејниот дом и/или предучилишните установи, влијанијата и навиките постепено се менуваат. Затоа, многу е важно во училиштата да се создаде средина во која децата ќе бидат водени да прават поздрав избор на храна, во која наставниците и другите средини можат да дадат позитивен пример за нив, нудејќи им поквалитетна храна, едукација за правилна/здрава исхрана, како и лични примери.

Еден начин е да се организира исхрана на ниво на училиште во согласност со релевантните препораки и соодветни услови.

Кога не постои опцијата за организирани оброци за време на престојот во училиште, еве неколку насоки за тоа како храната да биде што поздрава, вкусна и примамлива за ученикот.

Пригответе појадок за детето да појадува дома пред да оди на училиште

Иако во брзање и недостиг на време, помеѓу подготовката за училиште и работа, појадокот често се пропушта, треба да се обидете да појадувате имајќи ги предвид докажаните придобивки во намалувањето на импулсивното и непланираното „грицкање“ висококалорична нездрава храна на училиште. Исто така, истражувањата покажуваат дека прескокнувањето на појадокот носи до намалената концентрација кај децата.

Базирајте го вашиот оброк на 4 групи на храна

Леб и житарки, овошје и зеленчук, месо/риба и други извори на протеини (јајца итн.), млеко и млечни производи.

Планирајте свежо овошје и/или зеленчук како дел од училишниот оброк секој ден

Наместо нездрави грицки, направете му овошна салата на вашето дете во која ќе бидат вклучени неколку комбинации.

Месните производи треба да се избегнуваат во исхраната на децата

Намалете го нивното консумирање во најмала можна мера. Meсните производи кај кои структурата е хомогена поради мелењето на месото, т.е. производите со послаб квалитет (паштети, виршли и сл.) не треба да бидат вклучени во исхраната на децата.

Пожелни се здрави грицки

Јаткастите плодови и сувото овошје, без додаден шеќер или масти, заситуваат со вреден нутритивен придонес.

Сувото овошје е богат извор на влакна, витамини и минерали

Но, тоа е и концентриран извор на шеќер, па затоа треба да се ограничи внесувањето на максимум 30 грама на ден.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top