Триесет и тригодишната Лола Хименез од Лондон неодамна стана мајка, па сите пријатели и роднини што сакаат да го посетат нејзиниот новороден син во време на пандемија треба да се придржуваат кон нејзините правила.
Во спротивно, ќе побара од нив веднаш да си заминат.
Лола неодамна ги објави правилата на „Инстаграм“, каде што ја следат над 9.000 луѓе, за да ги охрабри другите мајки слободно да поставуваат граници и да го прават само она што им е пријатно и удобно.
– Одлучив да не се вакцинирам во текот на бременоста, така што јас и Даниел немаме имунитет. Целта ми е да го заштитам моето бебе и да не водам чудни разговори во живо. И пред пандемијата видов како на многу луѓе им е непријатно кога некој им го бакнува бебето или сака да го држи. Затоа напишав детални правила, па ве молам да ги почитувате моите желби – пишува Лола.
Првото правило е дека таа не прима посети во првите недели по породувањето. Кога ќе одлучи да го стори тоа, нејзините гости ќе мора да ги соблечат чевлите и јакните и да ги измијат рацете со сапун, а на крај да се дезинфицираат.
– Ако реков дека можете да дојдете на посета, ве молам направете брз тест на денот на посетата и испратете ми фотографија од негативниот наод. Не морам да напоменам дека не треба да доаѓате ако сте позитивни или се чувствувате лошо – пишува таа.
Во нејзиниот дом не се пуши и таа ги моли посетителите да го почитуваат тоа, како и да не пушат барем еден час пред пристигнувањето.
– Ако смрдите на чад, нема да можете да го држите бебето, па немојте да се зачудите ако ве замолам да си одите. Не појавувајте се пијани. Нема да ве пуштам. Не претпоставувајте дека можете да го држите бебето ако сте поканети. Веројатно нема да дозволам да бидете во близина на бебето додека не порасне и не му зајакне имунитетот – се некои од правилата на Лола.
Исто така, таа ги замолува гостите да не го бакнуваат бебето на лицето, рацете или нозете. Не очекува подароци од гостите, а ако одлучат да донесат подарок, вели дека не би сакала тоа е стока од втора рака.
На крајот вели: – Мајката знае најдобро. Ако мајката ви каже „не“, или сака да си одат гостите, тогаш ве молам тоа да го направите.
Лола го родила синот Даниел во август, а за да се заштити себеси и својот син, се изолирала веднаш по породувањето. Таа е самохрана мајка и зачнала со помош на донатор на сперма и не сака да си игра со здравјето на синот што очајно го посакувала со години.