Преку лажењето родителите покажуваат неверојатно незнаење во поглед на штетата што му ја нанесуваат на детето.

Ако вашето дете лаже, тоа значи дека или ви се плаши или ве имитира. Ако од детето ја сакате вистината, немојте да го лажете. Оваа препорака не е од морална природа бидејќи сите повремено лажеме. Понекогаш лажеме за да не повредиме нечии чувства, а се разбира, лажеме и за себе, кога нè обвинуваат за егоизам и за вообразеност. Наместо на детето да му кажете: „Мама ја боли глава! Биди мирен!“ – би било подобро и почесно да речете „Престани со таа проклета врева!“ Меѓутоа, тоа можете слободно да го кажете само ако децата не ви се плашат.

За семејната лага има два мотива: настојување детето убаво да се однесува и желбата да му се вреже во свеста родителската совршеност. Колку татковци и наставници вистински ќе одговорат на овие прашања на децата: „Дали некогаш си се опијанил? Дали некогаш си кажувал пцости?“ Токму стравот од ваквите детски прашања ги прави родителите лицемери.

Во општество полно со лаги, на родителите им е многу тешко да бидат чесни. Преку лажењето родителите покажуваат неверојатно незнаење во поглед на штетата што му ја нанесуваат на детето. Тие можат да нанесат огромна штета преку своите лаги и забрани затоа што чувствата се неспоредливо поважни од знаењето.

Оштетувањето повеќе го трпи срцето на детето отколку главата.

Извор



912

X