Секако, сите знаеме што нѐ чека кога ќе станеме родители, но ништо не може да нè подготви за вистинскиот шок кога вашиот ноќен сон, кој порано траел здрави 8 часа (8 часа!!), се сведува на будење на секои два часа, поради малото дете кое не ни знае дека МАМА МОРА ДА СПИЕ!
Значи, дали сте уморни, мајки? Ако потврдувате со главата на три или повеќе од следниве знаци, тогаш – добре дојдовте во (не баш ексклузивниот) клуб.
-Ги ставате клучевите во фрижидер. Па, каде на друго место би ги ставиле?
-Кафето наместо во шолја го истурате на маса.
-Ви се истура мајчино млеко во кафето.
-Носите имагинарно дете иако тоа всушност спие во неговото креветче во соседната соба.
-Заборавате како да зборувате.
-Што сакавте да кажете? Ах, нешто… што?
-Пижамите сега се вашето секојдневие. Во реалноста, облекувате тренирка кога навистина, навистина треба да излезете од дома.
-Една чаша вино и заспивате за 0,4 секунди.
-Ги гледате првите пет минути од филмот, а потоа заспивате.
-Туширањето станува „премногу труд“ за вас. Кој има време за тоа?
-Заборавате каде одите дваесет минути откако ќе тргнете со автомобилот.

-Имате четири срцеви удари секој ден затоа што мислите дека сте го оставиле вашето дете некаде.
-Се наоѓате себеси како велите: „Минатата ноќ беше неверојатна – тој спиеше цели два часа последователно“. Се чувствувам како нова!
-Одите в кревет во исто време со вашето дете.
-Размислувате да излезете на пијачка… за околу четири години. Ако успеете да отспиете малку дотогаш. Можеби.
-Вашата најголема желба не е луксузен одмор или нов автомобил. Тоа е празен кревет, чисти чаршафи и без вклучен аларм. Чиста среќа. Па, можеме барем да сонуваме, нели?
Сите сме тука заедно, мајко!