Според Американското психолошко здружение, анксиозноста е емоција која се карактеризира со чувство на напнатост, загриженост и физички промени, на пример, зголемен крвен притисок. Луѓето што страдаат од анксиозни нарушувања обично имаат повторливи наметливи мисли или грижи, поради што имаат тенденција да избегнуваат одредени ситуации. Ова нарушување може да се манифестира и со физички симптоми како што се потење, тремор, вртоглавица и забрзан пулс.

Но, исто како и возрасните, децата можат да покажат знаци на анксиозност. Психологот и едукатор за образование Џејми Блох предупредува на две навики на родителите кои можат да придонесат за развој на анксиозност кај децата. Во објава на „Инстаграм“ таа споделила два совети за родителите – како да им помогнат на нивните малечки да не развијат анксиозност. Еве што таа издвојува.

Не преоптоварувајте ги децата

-Дајте им простор прво да ги испробаат работите сами и излезете им во пресрет само кога ќе побараат помош – советува Блох.

Таа наведува дека родителите треба да ги остават децата да преземаат ризици, да експериментираат и да ги тестираат сопствените вештини пред да „скокнат“ да помогнат.

-Ако се заземеме за нив, тие стануваат сигурни во тоа и престануваат да ги користат и развиваат сопствените вештини – додала таа.

Не пренесувајте им ја вашата вознемиреност на децата

Според психологот, не е добро кога родителите ги префрлаат грижите на своите деца, но тоа не значи дека не треба да им кажуваат ништо за нивните грижи.

-Ако вашите деца ви кажат дека денес си играле сами, наместо да паничите и да им поставувате сто прашања зошто биле сами, размислете – советува Блох.

Таа им препорачува на родителите да покажат интерес и да ги прашаат што направиле сами и како се чувствувале во тој момент, а доколку изразат желба да си играат со пријател, може да се обидат заедно да работат на тоа.

Истакнува дека родителите кои имаат деца со анксиозност и ниска самодоверба, честопати и самите се вознемирени. Тие се премногу загрижени за сè: безбедноста на нивните деца, нивната среќа и нивната способност да се движат низ светот.

-За да им помогнеме на децата да растат, да бидат издржливи, самоуверени и да управуваат со нивните нормални животни грижи, треба да научиме да не ја пренесуваме нашата вознемиреност врз нив и да разбереме дека болката што ни ја задава животот е често она што ни треба за да изградиме доверба и издржливост – заклучува психологот.

Извор



912

X