Воспитување

Ако не им поставите на децата граници, ќе имате многу проблеми

Ако не им поставите граници на децата, вие сте луди. Можеби ова ви звучи премногу грубо, но како учтиво да му кажам на луд човек дека е луд? Сепак, како и со секоја состојба, постојат различни степени на лудило.

Хипиците, на пример, не креваат огради (граници). Хипиците веруваат дека на децата треба да им се дозволи слободно да шетаат низ светот. Баш „кул“. Мрзливите исто така на креваат огради. На мрзливите им е најлесно да не прават ништо.

Нежните, исто така, не креваат огради. Тие не сакаат ништо да му скратат на малиот Тед за случајно да не ја загрозат неговата кревка мала самодоверба. Ако превртувате со очите за ова, време е да преземете акција.

Ниту опуштените луѓе не градат огради затоа што сакаат да се дружат со своите деца. Опуштените сакаат да бидат пријатели, а не родители.

Сите овие луѓе завршуваат во мојата канцеларија: хипици, мрзливци, нежни и опуштени. Сите тие се несреќни и сите се прашуваат зошто нивното дете е такво.

На децата им требаат огради околу себе (граници). Поставете ги правилата, нека се знае каде се границите и држете се до нив колку што можете построго. Во природата на децата е да одат напред додека не стигнат до оградата. За некои деца е доволно да знаат дека има ограда, за други е потребно неколку пати да налетаат на неа, но на сите им треба некаква ограда.

Светот без огради е опасно и страшно место за малиот човек. Оградите велат: „До овде можете да одите, но не и понатаму“. Оградите даваат чувство на сигурност. Оградите ви помагаат да одредите каде припаѓате. Оградите не дозволуваат да влезе ништо лошо.

Да кажам уште еднаш: на децата им требаат огради.

Извадок од книгата „Како на децата да им поставите граници и притоа да не ги изгубите нервите“ – Најџел Лате.

Извор

Поврзани написи

To top