Политичар од Бразил бил укорен на „Твитер“ за неговите сугестии поврзани со работа на децата откако рекол дека 13-годишни деца може да работат ако веќе може да освојуваат олимписки медали. Пратеникот Состенес Кавалканте (46) од Рио де Жанеиро, објавил порака за да ѝ честита на Раиса Леал (13) од Бразил, откако освоила сребрен медал за време на натпреварот во уличен скејтбординг во женска категорија. Јапонскиот скејтбордер Момиџи Нишија, исто така на 13-годишна возраст, го доби златниот медал. Со тоа овие лица испишале историја како најмладите што освоиле медали на Олимпијада.

Но, во неговата порака тој имплицира дека можеби е време да се разгледа статутот за деца и адолесценти во земјата. Во Бразил, законот не им дозволува на деца под 13 години да работат, а 14-годишните деца може само да бидат чираци и не треба да бидат дел од опасни работни задачи. Додека тој не појаснил дали бил сериозен со објавата, неговите следбеници го обвиниле за „испревртени погледи“, како што рекол дипломатот Пауло Пинеиро. Сенаторот Пауло Роча, исто така истакнал дека Кавалканте не може да ги користи победите на Олимпијада со злоупотреба на децата за работа. Роча рекол дека е погрешно да се прави споредба помеѓу медал и работа на деца бидејќи децата треба да се занимаваат со спорт и да учат. Ако се приклучат на работната сила, нема да имаат време да учат и да се забавуваат.

Во 2020 година податоци од владата откриле дека 1,8 милион деца во Бразил работат во опасни услови, бидејќи се изложени на трговија со луѓе, сексуална работа, трговија со дрога и работа во средини каде што се справуваат со тешка машинерија и хемикалии.

Ана Марија Вила Реал, најголемиот активист во земјата за ставање крај на детската работа, вели дека оваа практика е широко распространета поради евтината работна сила која ја претставуваат децата. Повеќето деца заработуваат 111 долари месечно, што е многу пониско од минималната плата во Бразил. Според неа, бројките не се реални, особено за време на пандемијата. Податоците се собрани од 2019 година, но експертите мислат дека бројките се многу зголемени оттогаш.

Обвинителот Антонио де Оливиера Лима истакнал дека Бразил мора да ја зголеми свесноста за прекршувањата во однос на користењето на децата за работа, особено меѓу родителите, учениците и наставниците. Тој ги повикува политичарите да дебатираат на оваа тема и да создадат амандмани за воведување ред во таа смисла.

Според УНИЦЕФ, едно од четири деца на возраст од 5 до 17 години е вклучено во работа во најмалку развиените земји – Африка, Азија, Латинска Америка и Среден Исток. Поголем процент на овие деца се девојчиња, но 60 отсто од децата работат во агрокултура, каде што се изложени на топлина и пестициди. Исто така, не им се обезбедени храна, вода или хигиена. Децата, исто така, работат во многу фабрики, рудници и кампови за растоварање. Многу често децата се и жртви на физичка, сексуална и емоционална злоупотреба. Повеќето од децата се принудени да работат поради сиромаштија, маргинализација и дискриминација, како и недостиг на социјални норми во местото каде што растат.

Автор: Лилијан Скот

Извор



912

X