Во љубовните односи малите зборови на поддршка можат да имаат огромно влијание. Поддршката од партнерот игра клучна улога во градењето на самодовербата, а внимателно избраните фрази можат да создадат чувство на сигурност и поврзаност. Преку меѓусебно изразување доверба и благодарност, партнерите можат да го зајакнат својот однос и да си покажат еден на друг дека знаат колку вредат.

Сепак, многумина не знаат како да изградат таква емоционална стабилност во врската. Според терапевтот и советник Ричард Дробник, овие реченици можат да помогнат во градењето самодоверба и подлабока поврзаност во партнерството.

„Верувам во твојата одлука“

Оваа фраза му покажува на партнерот дека имате доверба во неговите избори. Без разлика дали се соочува со предизвици на работа или носи важни животни одлуки, сознанието дека го поддржувате и верувате во неговите способности може значително да ја зголеми неговата самодоверба.

„Горда/горд сум на тебе“

Овие зборови не треба да се кажуваат само поради големите успеси, важно е да се препознаат и малите победи. Дробник истакнува дека изразувањето гордост на партнерот, без разлика дали решил тежок проблем или едноставно поминал напорен ден, му помага да се чувствува ценето и поддржано.

„Среќна/среќен сум што те имам во животот“

Чувството дека сме сакани и ценети ја зајакнува нашата самодоверба. Според терапевтот, потсетувањето на партнерот колку ви значи го зацврстува неговото чувство на сигурност и важност во вашиот живот.

„Што мислиш ти?“

Кога ќе го прашате партнерот за неговото мислење, ова покажува дека ја цените неговата перспектива. Овој едноставен гест што ја искажува вашата почит му помага да се чувствува важно и способно затоа што му дава до знаење дека неговото мислење ви е важно.

„Одлично се снајде!“

Препознавањето на тоа како партнерот успешно се справил со тешка ситуација ја нагласува неговата сила. Дробник објаснува дека без разлика дали станува збор за тежок разговор или стресен момент, забележувањето на неговите способности придонесува за поголема самодоверба.

„Ќе успееш!“

Понекогаш е потребна само кратка реченица за да му дадете на партнерот сила во моменти на несигурност. Верата во неговите способности може да му помогне да ги надмине сомнежите и да се почувствува поддржан, заклучува Дробник.

Извор



912

X