Во Битола по шести пат е организирана хуманитарната акција „Куќичката на Дедо Мраз“! Од 24 до 30 декември годинава во дрвената куќарка кај Саат-кулата во тек е хуманитарна акција за собирање нерасиплива храна, средства за домаќинство, детски играчки, облека… Воедно, со фотографирањето со Дедо Мраз директно се донира за социјално загрозени семејства.
Да бидеме хумани! Да ги израдуваме оние на кои помошта им е најпотребна во празничните денови.