Аеродром доби нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца, соопштија денеска од скопската Општина Аеродром и истакнаа дека градинката е лоцирана во Стар Аеродром на површина од 1.700 квадратни метри, има 8 занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите.
Од Општината додаваат дека Аеродром, како и другите скопски општини, се соочува со огромен проблем со капацитет за згрижување на стотици деца и најавуваат отворање и на други градинки.
– Покрај оваа во Стар Аеродром, нови градинки и доградба на постојните ќе има и во Мичурин, во близина на кулите „Џевахир“, во населба Лисиче и Долно Лисиче, како и на неколку други локации низ општината – најавија од Општина Аеродром.


Фотографии: фејсбук-страница на Општина Аеродром