Браковите не пропаѓаат преку ноќ – честопати проблемите се акумулираат преку суптилни знаци, кои со текот на времето стануваат непремостливи. Иако расправиите се нормални во секоја врска, одредени обрасци на однесување може да укажат на подлабоки прашања кои би можеле да доведат до развод, според адвокатката за разводи Жаклин Њуман.
Многу парови не се ни свесни дека западнале во шаблони кои ја ослабуваат нивната врска, а некои од овие проблеми стануваат очигледни дури кога е предоцна. Меѓутоа, со навремено препознавање на овие знаци, можно е да се спречи влошување на врската и да се најдат решенија кои го зајакнуваат бракот.
Еве ги знаците или однесувањата кои адвокатката конкретно ги истакнува:
Немање компромис
-Подготвеноста за компромис е клучна за секоја стабилна врска. Паровите што не можат да најдат заеднички јазик често се соочуваат со фрустрации кои само се трупаат. Важно е да поставите јасни правила, но и да научите да ги прифаќате границите на вашиот партнер. Кога не можете да најдете решение кое ќе функционира за двајцата, се појавуваат тензии кои можат да ја ослабат довербата – објаснила таа.
Расправии кои излегуваат од контрола
Расправиите се нормален дел од секоја врска, но кога ќе станат премногу вжештени или се користат закани, тие можат да имаат долгорочни последици.
-Многу клиенти ми кажуваат дека кажале нешто што не го мислеле во расправија, а тоа подоцна било искористено против нив во правна постапка. Затоа е важно да ги избирате зборовите дури и во жештината на емоциите бидејќи некои работи не е лесно да се вратат назад – вели Њуман.
Закани за развод во расправии
Изговарањето на зборот „развод“ во жарот на расправијата може да остави трајни последици врз врската.
-Ако паровите не ја разберат сериозноста на зборот, тој може да стане оружје што ја нарушува довербата. Иако несогласувањата се нормални, заканата од раскинување често создава несигурност и ги раздвојува партнерите – објаснува адвокатката.
Престанувате да го поминувате времето заедно
Многу сопружници се оддалечуваат со текот на времето и стануваат повеќе родителски тим отколку романтични партнери.
-Кога бракот ќе се претвори во деловен договор за деца и обврски, лесно е да се заборави зошто на прво место сте се заљубиле – вели Њуман.

Иако неделните состаноци не се секогаш изводливи, важно е да најдете време за себе, дури и ако тоа е еднаш месечно или преку кратки патувања.
Бракот бара труд и свесност за тоа како секојдневните интеракции влијаат врз врската. Недостигот на компромис, деструктивни расправии, закани за развод и емоционално дистанцирање, можат да ја ослабат врската, но ако ги препознаеме навреме, можеме да спречиме сериозни проблеми.