Игротека

Добрите и лошите страни на „гнездењето“ на вашите деца додека се разведувате

Исто како што птиците наизменично доаѓаат и го напуштаат гнездото за да се грижат за своите малечки, и некои родители кои се разведуваат избираат да ги остават децата во домот додека тие наизменично се менуваат со престојот таму.

Кога родителите се разведуваат, договорите за заедничко родителство се од витално значење. А „гнездењето“ е потенцијална тактика за разведени родители. Децата остануваат во „гнездото“ (познато како семејниот дом), а родителите живеат на друго место, или во заеднички простор надвор од семејниот дом или на различни места.

Во основа, родителите се тие што го примаат „ударот“ од разводот, односно ударот од физичкото влијание на нивната разделба. Тие наизменично се префрлаат меѓу местата за живеење наместо тој пресврт да го воведат во животот на нивните деца.

Кога родителите ја користат оваа практика, обично го прават тоа во текот на транзицијата, но не и долгорочно. Тоа време на транзиција може да биде месец-два, па дури и една и пол година, иако повеќето семејства што ја користат оваа метода ја практикуваат краток период. Нема формално наметнато ограничување за тоа колку долго можат или треба да ја користат оваа практика. Секое семејство си одредува колку долго и дали треба да ја користи практиката.

Експертите имаат спротивставени мислења за гнездењето како техника на родителството

Експертите се поделени околу овој метод и дали е добра идеја или не. Иако е корисно за децата на разведени родители да не мора да го менуваат домот, сепак, е збунувачки.

Некои јасни придобивки од гнездењето се тоа што децата не мора да влечкаат лични предмети меѓу домовите или да се навикнат на втор дом. Бидејќи различните договори за развод функционираат за различни семејства, различни начини на гнездење ќе функционираат или нема да функционираат за поединечни семејства.

Гнездењето добро функционира за малку парови и семејства

Гнездењето може да обезбеди корисен начин за транзиција кон живеење одвоено од брачниот другар. Ако се разведувате спогодбено и ви треба време да одредите каде на друго место е најдобро да живеете, важно е да ги задржите вашите деца во брачниот дом. Понекогаш родителите кои се разведуваат брзо донесуваат одлуки за тоа кој треба да се исели и каде да се пресели. Импулсивните одлуки честопати даваат контраефект, финансиски и емотивно. Гнездењето често дава можност соодветно да размислите за овие големи одлуки.

Некои експерти веруваат дека гнездењето најдобро функционира за луѓето што го делат старателството над своите деца 50-50. Сепак, може добро да функционира и во семејства каде што едниот родител живее надвор од градот, а доаѓа за време на викендите.

Без оглед на поделбата на времето за родителство, гнездењето апсолутно најдобро функционира со родители кои можат добро да комуницираат и со мала напнатост.

Кога гнездењето не функционира за паровите?

Гнездењето не функционира кај парови кои имаат голем конфликт. Исто така, не функционира за луѓе што не можат да продолжат да споделуваат простор со другиот родител.

Но, некои експерти за развод веруваат дека никогаш не треба да се размислува за гнездење. Ако се прашувате дали гнездењето е добра опција за вашето семејство, ова се прашањата што треба да си ги поставите:

1. Каде би спиеле вие, а каде вашиот поранешен партнер кога нема да сте во вашиот дом?
2. Дали можете да спиете наизменично во истата спална соба во која сте спиеле некогаш како брачни партнери?
3. Ако одговорот на второто прашање е не, дали има друг простор во вашиот дом каде што можете да спиете?
4. Дали верувате дека другиот родител на вашите деца е способен да управува со овој метод на родителство?
5. Како мислите дека гнездењето ќе влијае врз тоа како се справувате со конфликтот со поранешниот партнер?

Една грижа околу гнездењето е тоа што родителите имаат помалку приватен простор за да ги разрешат сопствените емоции за разводот.

Дали вашите деца ќе бидат збунети или утешени од таквиот договор?

Вие и вашиот партнер ги знаете вашите деца подобро од кој било друг. Мислењето на професионалците за развод е дека помалите деца ќе имаат повеќе корист од гнездењето отколку постарите деца. Колку години имаат вашите деца? Како реагираат на промените и кои граници им се потребни?

Професионалците за развод ги разбираат добрите и лошите страни на гнездењето

Дали гнездењето ќе функционира за вас, е многу лична одлука.

Доколку посетите една или две сесии со професионалец за ментално здравје или овластен тренер за развод, кој е добро упатен во разводот и гнездењето, ќе ви обезбеди шанса да го откриете најдобриот начин за вас и вашиот партнер да се движите напред и да се разделите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top