Моето родителско патување беше исполнето со грешки. Можам да го кажам тоа наглас. Немав некои здрави модели додека растев, па тоа ме доведе до чудно сфаќање дека не сум „нормална“ личност, а сигурно не сум ни нормална мајка. Има некои неконвенционални особини кои едноставно не ми пречат. Не ми пречи што не ми оди држењето до распореди или тоа што го оставам моето 6-годишно дете да останува будно до доцна, кога не оди на училиште. Не ми пречи и што често се потсетувам себеси дека јас сум родителот и имам авторитет.

Навистина, некогаш заборавам дека сум задолжена за обврските, особено кога се чувствувам лошо што на мојата ќерка ѝ велам „не“. Се сомневам дека има уште многу други работи што ги правам, а многу мајки не би ги зеле предвид, и тоа е во ред. Не ми пречи да сум неконвенционална мајка и сè уште ја ценам мојата поврзаност со ќерка ми.

Како и многу самохрани мајки, се потпирам на времето поминато пред екраните 

Депресија, измореност, неорганизираност – ова се работите кои сè уште се обидувам да ги менаџирам за моето дете, но некои денови се подобри од другите. А некои денови се многу полоши. Далеку сум од совршен родител и немам никакви илузии за тоа. Мојот главен приоритет е да израснам ќерка која ќе може самата, на здрав начин, да се справува со тешкотиите во светот и верувам дека тоа се случува.

Како и многу самохрани мајки, се потпирам на времето поминато пред екраните на начин на кој не би требало. Со сета таа вина што ја чувствувам како мајка, тука вметнат беше и „Јутјуб“ – во големи количини. Одреден период не ми пречеа видеата. Ќерка ми гледаше многу приказни и бајки, како и возрасни луѓе кои отвораа различни играчки и смислуваше интересни приказни. Нејзиниот интерес за такви видеа исчезнуваше. Во последните неколку месеци разви јасен афинитет за видеа во кои има деца и семејства кои станале „инфлуенсери“. Да бидам искрена, тие ме полудуваат затоа што се гласни.

Сè започна со видеа за кукли. Мојата ќерка почна да ме прашува дали знам некои правила за куклите. Морав да седнам со неа и да разговарам за фактот дека видеата што се направени од луѓе и се ставени на „Јутјуб“ не се всушност реални. Дека се тука за да раскажуваат приказни, да забавуваат и често – да заработуваат пари. Тоа изгледа дека успеваше одредено време. Продолживме да разговараме за реални работи.

Во последно време, сепак, интересот на моето дете за тие видеа е сериозен и мене тоа не ми е во ред. Сега таа сака да биде ѕвезда на сопствено јутјуб-шоу. Тоа за мене е проблематично од повеќе причини. Како прво, таа повеќе би гледала такви видеа и ќе ги имитира отколку да си игра со своите играчки. А потребно ѝ е играње како и на сите деца во светот. Преку играта децата ги развиваат потребните вештини за решавање проблеми, а и учат како да се занимаваат со нешто без постојано да бидат стимулирани од надворешни сили. Друго нешто што ми пречи е тоа што преку тие видеа таа создава лажни очекувања за начинот на кој функционира светот. Со недели го имаме истиот разговор. Не само што „Јутјуб“ не е реален живот, туку не е можно и да оставиме сè што правиме и да почнеме да си правиме сопствени видеа. Понекогаш се работи и за ресурси. Таа може да гледа видео кое е направено пред 3 години, а никој веќе да не ги произведува таквите играчки како на видеото.

Но, тука се јавува и проблемот кој се однесува на тоа да го научите своето дете да има поразумни очекувања. Повеќето од семејствата што таа ги гледа се посветени на тоа, бидејќи тоа е начинот на кој заработуваат пари. Но, нејзината мајка веќе има што да работи, додека работата на ќерка ми е да биде дете. Ѝ објаснив дека не ми пречи одвреме-навреме да правиме некои видеа за да имаме нешто што ќе ни остане како спомен, но не сум поддржувач на идејата постојано да се прават јутјуб-видеа. Таа има само 6 години, па не може сосема да разбере. Но, вчера – креиравме договор. Нема повеќе „Јутјуб“, освен ако не е на апликацијата за деца, па можам да ги контролирам каналите.

Сакам моето дете да сфати дека е најдобро да го помине детството во учење и играње наместо во барање онлајн-слава

Наместо да правиме јутјуб-видеа со нејзините играчки и да имитираме други, таа ги фотографира нејзините креации. Па, кога ќе создаде од нејзината облека фустан за нејзината кукла, таа тоа може да го овековечи со фотографија. Досега целиот тој процес се одвива добро, но помина само еден викенд. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите за еден месец или дури година. Се надевам дека му помагам на моето дете да сфати дека е најдобро да го помине детството во учење и играње наместо во барање онлајн-слава.

Сепак, ја видов апсурдноста во работењето онлајн како автор во изминатите неколку години. Знам со сигурност дека има време пред да почне да го остава својот белег како инфлуенсер во светот. Нема потреба да се грижи за изведби и алгоритми. Не мора да порасне многу брзо. Ако имам шанса да го вратам времето, сигурно не би ѝ го презентирала „Јутјуб“. Многу наликува на социјален медиум и се колнам дека на децата им предизвикува чувство оти нешто може да пропуштат. Како светла страна, можам да кажам дека ќерка ми виде реклама на „Јутјуб“ за едукативна платформа за деца и праша дали може да се зачлениме на неа. „Да“, реков. „Каква одлична идеја“.

Автор: Шенон Ешли

Извор



912

X