Воспитување

Мака ми е да полудувам секогаш кога децата не ме слушаат

Минатата ноќ бевме поканети на вечера кај мајка ми. Таа вечер ја планирав со денови. Понекогаш е луксуз да излезеш некаде на вечера. Некаде каде што ќе готви некој друг.

По патот им објаснував на децата како да се однесуваат кај мајка ми. Можеби моите деца не се многу мали, но и ним им треба потсетување за тоа како да се однесуваат кога се на гости.

Само што пристигнавме и седнавме на масата, ги слушнав децата како почнаа да се расправаат повишувајќи го тонот. Им го упатив оној поглед што вели: „Веднаш да престанете со викање“. Но нивните лица кажуваа: „Не обидувај се да не спречиш, мамо“. Изнервирана, им одговорив: „Или замолчите или ќе видите што ќе ви се случи“.

Моето предупредување имаше ефект само нецели две минутки, а потоа одново почнаа со истото. Згора на сѐ, моето најмало дете се превртуваше на подот и плачејќи, гласно извикуваше дека сака да јаде торта.

Тоа веќе не се издржуваше. Збеснав и почнав да им викам. За среќа, до некаде ме послушаа.
Децата секогаш ме прашуваат зошто премногу викам. Дури и кога сме на јавно место, јас не гледам проблем да го повишам тонот кога не ме слушаат. На тој начин, секогаш кога се однесуваат несоодветно, им се развикувам и ги посрамувам пред сите за да ја сфатат поентата.

Не сфаќам зошто родителите мора да полудат пред да бидат сослушани. Факт е дека децата и партнерот нема да те сфатат сериозно сè додека не поцрвениш од лутина и додека главата не те заболи до тој степен што мислиш дека ќе експлодира.

А колку нервози може да се избегнат само ако тие одлучат да те сослушаат од прва. Или уште од мигот кога ќе им го покажеш лутиот поглед, да те разберат и да престанат со нивното однесување како идиоти.

Навистина не ми е јасно зошто предупредувањата немаат никаков ефект. Зошто ние, мајките, мора да бидеме гласни за да бидеме слушнати и да поминеме низ пекол само за да бидеме разбрани?

Не е важно од колку мобилни или грицки ги лишуваш како казна. Ни колку слободно време им даваш за да размислат за својата одлука. Тие или забораваат или не им е грижа, или пак едноставно лошото однесување им дава многу поголемо задоволство.

Сепак, тие знаат дека на крајот на денот јас победувам, без разлика колку ќе го повишам тонот.

По 15 години родителство, се надевам дека кај моите деца ќе се јави момент на просветлување и конечно ќе сфатат дека животот би бил многу полесен само ако ги следат моите правила.

Автор: Кети Бингам-Смит

Поврзани написи

To top