Воспитување

Што стои зад однесувањето на детето? Преку погледот на специјалниот едукатор и рехабилитатор

Често велиме: „инаетливо е“,  „разгалено е“, „немирно е“. Но, од аспект на специјалниот едукатор и рехабилитатор, однесувањето не е случајно. Секое однесување е порака од нервниот систем. Кога ќе почнеме да гледаме што стои зад тоа, наместо само да го коригираме или да даваме епитети отстрана и да ги слушаме сите епитети што околината ги дава, тогаш вистински му помагаме на детето.

 „Не сакам да одам бос!“- не е инает, туку сензорен сигнал

    Некои деца избегнуваат: трева, песок, студени површини.

    Причина: преосетливост на допир (тактилен систем)

     Активности:

                  1.Одење по ориз/грав во сад

                  2.„Сензорна патека“ (тепих, крпа, фолија)

                  3.Газење трева (кратко, постепено)

                  4.Игра со песок или кинетички песок

                  5.Ставање на стапалата во топла/млака вода

                  6.Масажа на стапалата со крем

                  7.„Барање богатство“ со нозе (мали предмети во сад)

                  8.Одење по перници

                  9.Газење со чорапи → па босо

                  10.Игра со тесто со стапала (ако прифаќа)

    Детето не бега — телото се штити.

    •  „Не ме гледа в очи“- не мора да значи сериозен проблем.

    Понекогаш детето избегнува директен поглед, се врти настрана.

    Причина: преоптовареност, срамежливост, несигурност.

     Активности:

                  1.„Ѕе“ игра

                  2.Игра пред огледало заедно

                  3.Гледање книга лице-до-лице

                  4.Пеење песнички со мимики

                  5.Користење кукли (контакт преку игра)

                  6.Гледање додека се смее (природен момент)

                  7.Игра „копирај ме“ (мимики)

                  8.Разговор додека сте еден до друг (не директно)

                  9.Користење светлечки/интересни предмети

                  10.Кратки моменти на контакт, без инсистирање

    Порака: Контактот се гради — не се бара со притисок.

    • „Не мирува – постојано скока!“- не е лошо однесување

     Причина: потреба од движење и барање рамнотежа (вестибуларен систем).

     Активности:

                  1.Скокање на душек

                  2.Нишање (лулашка или раце)

                  3.Вртење во круг

                  4.Трчање по линија

                  5.Ползење низ тунел

                  6.„Авион“ игра (кревање во воздух)

                  7.Тркалање по под

                  8.Скокање од ниска висина

                  9.Игра „стоп-оди“

                  10.Танцување со музика.

    Порака: Движењето е начин на смирување.

    •  „Не сака да го допираат“- телото поставува граници

     Причина: тактилна преосетливост.

     Активности:

                  1.Игра со тесто/пластелин

                  2.Допирање различни материјали (меко, грубо)

                  3.Игра со вода (прелевање, прскање)

                  4.Самомасажа (детето само)

                  5.Масажа преку облека

                  6.„Скриени предмети“ во ориз/грав

                  7.Четкање со мека четка

                  8.Игра со сунѓер

                  9.Постепено воведување допир

                  10.Избор: „сакаш ли?“

    Порака: Безбедноста доаѓа пред прифаќањето.

    • „Оди на прсти“- понекогаш е сигнал, а не навика.

    Може да значи сензорна потреба, напнатост во телото.

     Активности:

                  1.Газење по перници

                  2.Одење по нерамна површина

                  3.Туркање кутија/играчка

                  4.Влечење предмети

                  5.Масажа на стапалата

                  6.Одење босо по дома

                  7.Скокање на цело стапало

                  8.„Тежок чекор“ игра (газење силно)

                  9.Балансирање на линија

                  10.Седење со стапалата на под

    Порака: Телото бара стабилност.

    • „Турка, удира, стиска“- не е секогаш агресија.

     Причина: потреба од длабок притисок.

     Активности:

                  1.„Мечка гушкање“

                  2.Виткање во ќебе („бурито“)

                  3.Туркање ѕид

                  4.Носење тешки играчки

                  5.Влечење јаже

                  6.Скокање на душек

                  7.„Сендвич“ игра (меѓу перници)

                  8.Притискање топка

                  9.Лежање под перници

                  10.Ползење со отпор

    Порака: Детето се обидува да се регулира.

    Кога ќе го смениме прашањето од Зошто се однесува вака? во Што му треба на детето во овој момент?, тогаш почнуваме вистински да помагаме.

    Не е потребно совршенство. Однесувањето не е проблем, тоа е комуникација.

    Потребно е: разбирање, трпение и малку насока. Затоа што зад секое „тешко“ однесување стои едно дете што се обидува да ни каже нешто.

    Нема „тешко дете“. Има дете што има потреба — и бара да биде разбрано.

    Поврзани написи

    To top