Терминот „амбиверт“ се појавил во 1923 година, но долго време пред тоа психолозите ја разгледувале личноста и нејзиниот темперамент само во рамките на два пола – интровертност и екстровертност. Подоцнежните студии покажаа дека многу луѓе не се вклопуваат во овие категории, туку заземаат средна позиција.
Амбивертите ги комбинираат карактеристиките на двата типа темпераменти: можат да бидат дружељубиви во соодветна средина, но исто така ја ценат осаменоста. Интуитивно чувствуваат кога да бидат активни, а кога да се дистанцираат. Знаат како да најдат заеднички јазик со различни луѓе, флексибилни се во комуникацијата.
Амбивертите се природни миротворци и знаат како да ги надраснат на позитивен начин конфликтите, емпатични се и често покажуваат лидерски квалитети што ги прават успешни во преговорите и тимската работа.

Амбивертите се отпорни на училиштен стрес, за разлика од интровертите, кои често доживуваат вознемиреност поради перфекционизам и длабока рефлексија. Амбивертите балансираат помеѓу активноста и одморот и подобро се справуваат со стресот. Некаде во литературата се среќаваат и под називот „социјални интроверти“.
Нивниот главен проблем е прекумерната приспособливост. Амбивертите можат да се преоптоварат обидувајќи се да се вклопат во различни социјални ситуации и ова може да доведе до прегорување.
Автор: м-р Христина Стефановска