-Немојте да го учите детето да оди. Значи, детето мора да ползи. Да беше тоа лесен облик на живот, тогаш ќе ползевме цел живот, немаше да одиме. Но, тоа е многу тешко. А бидејќи е тешко, одлично е за детето – изјавил проф. д-р Владимир Копривица, едно од најистакнатите лица на српскиот спорт.

Проф. Копривица работи на Факултетот за спорт и физичка култура во Белград од 1976 година. Бил продекан за настава, а потоа и декан на Факултетот за спорт и физичка култура на Универзитетот во Белград.

Тој тврди дека ползењето е исклучително важна фаза во развојот на секое дете и дека не треба да го прескокнуваме со брзање детето да прооди.

Многу често децата го „прескокнуваат“ периодот на ползење затоа што во рана возраст поминуваат недоволно време на стомак, на подот. Времето на подот е исклучително важно во првите месеци од животот, иако е тешко и исцрпувачко за детето.

-Ползењето ја зајакнува мускулатурата преку тоа тешко движење. Ги зајакнува мускулите на стомакот, грбот и градите. Секое дете има свој стил на ползење. И кога детето ќе зајакне и вестибуларниот апарат ќе му каже дека е подготвено да одржува рамнотежа, тоа ќе се исправи и благодарение на тоа што го зацврстило грбот, ќе го заштити ‘рбетниот столб, кој е ограничен за современите деца – објаснува д-р Копривица.

фото извор: Факултет за спорт, Белград

Професорот додава дека е важно детето да оди по нешто што е нерамно, по благи ридови, да се врти, со цел одржување рамнотежа.

-Детето треба и да се врти, по надолжната оска, по хоризонталната оска, по дијагоналата, да ужива. Тоа исто така треба да плива, да ја почувствува водата. Сето ова е важно бидејќи развојот на координацијата влијае, во голема мера, врз развојот на интелигенцијата – заклучува професорот.

Автор: Александра Цвјетиќ

Извор



912

X