Нашето детство може да нè зајакне или да нè скрши – и никој не го знае ова подобро од Морган Помелс. Помелс е детски терапевт за траума, па таа објаснила кои шест искуства посакува да може да му ги подари на секој преживеан од траума во детството.

Понекогаш траумата не е за тоа што се случило – туку за она што не се случило. Кога размислуваме за траума од детството, веројатно замислуваме дете кое доживеало незамисливо малтретирање во текот на животот. Да, тоа е една форма на траума од детството.

Сепак, постои уште една форма на траума која не е толку широко препознаена – траумата од она што не се случило.

Траума на пропуст е онаму каде што нешто не се случило. Тоа е губитокот од недобивањето на основните човечки потреби, губењето на удобноста, физичкиот допир, поддршката, доследноста, искреноста или топлината.

Ова се шестте искуства што Помелс би сакала да им ги даде на секој преживеан од траума во детството:

Татко кој е многу возбуден и горд на вас

Помелс започнува со тоа што посакува преживеаните од детска траума да доживеат живот со претерано, понекогаш и вознемирувачки присутен татко, татко кој „со видеокамера и со ентузијазам ги снима вашите први чекори и инсистира да им ги покаже на сите снимките на кои е неизмерно горд“.

На оние што пораснале со двајца емотивно здрави родители, ова може да им биде збунувачко. На крајот на краиштата, да се има „досаден татко“ е навистина досадно. Но, она што вие можеби го земете здраво за готово, друго дете сигурно ќе го цени. Многу деца би сакале да имаат татко кој толку многу се грижи за нивниот живот.

Според Бирото за попис на САД, 20,2% од татковците на малолетните деца (околу 7 милиони) се отсутни од целиот живот на нивните деца.

Психолошкото здружение од Минесота наведува: „Излегувањето од дом без татко може да придонесе детето да има повеќе емоционални проблеми, како што се анксиозност и депресија“, додавајќи дека децата кои доаѓаат од домови без татко имаат тенденција да мислат дека се помалку достојни од децата што доаѓаат од домаќинства со двајца родители.

Како што можете да замислите, сето ова може многу да влијае врз самодовербата на детето, што, пак, може да влијае врз целокупната траекторија на нивниот живот.

Мајка која ги слуша вашите поплаки за неа – па дури и се извинува

Помелс продолжува со изразување на својата желба на преживеаните од детската траума да им даде емпатична мајка „која со љубов бара од детето да ѝ каже повеќе за своите чувства“, кога со солзи тоа ѝ кажува дека коментарите што му ги упатила за тежината го повредиле. Таа го сослушува и со цврста прегратка вели: „Многу ми е жал, душо“. Таа дури и ветува дека никогаш повеќе нема да го направи тоа.

Повеќето од нас знаат од прва рака како коментарите за нашите тела можат многу да влијаат врз начинот на кој се гледаме себеси.
Авторите на студија од 2021 година за преваленцијата на коментарите од страна на родителите за тежината на децата, обликот и исхраната на нивните синови и ќерки, забележуваат: „Познато е дека коментарите на родителите за тежината, обликот на телото и јадењето може да имаат негативни последици особено врз адолесцентите, како што се добивање прекумерна тежина, прекумерно јадење и нездраво однесување, што резултира и со последици за ментално здравје, како што се срамот и депресијата.

Родители кои ве оставаат да поспиете

Дарот на спиењето е уште една желба на списокот на Помелс. Поконкретно, „родителите кои ви дозволуваат да поспиете барем еден ден во неделата, понекогаш дури и им кажуваат на другите љубезно да бидат потивки бидејќи сакаат да се погрижат да имате добар ноќен одмор по долгата недела помината на училиште“.

Да не ја потценуваме количината на извршена работа на децата на училиште и воннаставните часови, особено во тинејџерските години.

Според лиценцираниот терапевт Лаура Харис и писателката Дилени Хамонд, „иако училиштето може да предизвика стрес во текот на сите години, средното училиште некои го сметаат за исклучително стресен период. Тоа е така затоа што тоа е време на големи развојни и општествени промени, во кои, покрај редовните барања од училиштето, за тинејџерите воопшто може да биде тежок период за менацирање“.

Учител кој обрнува внимание на вашите потреби

Помелс ја нагласува важноста на „наставникот кој забележува дека вашето однесување е сомнително, но наместо да ве казни, ве извлекува од часовите за нежно да ве праша што се случува дома. Продолжува да ви нуди сок и колаче, кога му кажувате дека не сте се обидувале да се однесувате лоши, туку дека едноставно е тешко да се концентрирате кога сте толку гладни“.

Оваа желба е клучна со оглед на реалноста со која се соочуваат премногу деца на училишна возраст денес.

Според „Фидинг Америка“, „повеќе од 13 милиони деца се соочиле со глад во 2022 година“. Истражувањата откриле дека гладот кај децата може да биде поврзан со депресија подоцна во животот, како резултат на недостигот на храна.

Татко (или татковска фигура) што е присутен

Да, желбата за татко е веќе на оваа листа, но многумина кои имале татко дома не можеле да сметаат дека ќе го видат неговото лице во аудиториумот на рециталите – односно, дека ќе се појави на тие места кои навистина се важни за децата.

Помелс посакува: „татко што сака да присуствува на училишната активност. Татко кој седи со вас и ве слуша со ентузијазам како споделувате за вашиот уметнички проект. Татко кој е присутен… Како деца, сè што сакаме е да се чувствуваме видени и слушнати. Сакаме нашите родители да се појават и да ни покажат колку се горди“.

Учениците со родители кои им се вистински поддржувачи, имаат 81% поголеми шанси да завршат средно училиште. За жал, една студија на 14.000 деца во САД покажала дека 40% „немаат силни емоционални врски – она што психолозите го нарекуваат сигурна приврзаност – со нивните родители, кои се клучни за успехот подоцна во животот“.

Типична роденденска забава

Последното искуство што Помелс сака да им го даде на преживеаните од детските трауми е роденденската забава. Но, не каква било роденденска забава.

Помелс пишува: „Типична роденденска забава од средната класа, украсена на тема по ваш избор. Кога вашите родители ќе ви го дадат својот подарок за да го одвиткате, брзо сфаќате дека тоа е единственото нешто што го посакувате, иако тие направиле одлична работа и ве убедиле дека нема да го добиете тоа. Врескате од радост, а ниту една забелешка не ви е дадена за тоа колку сте разгалени или себични што сакате цел ден да биде посветен само на вас за да ве слават“.

Зошто роденденската забава се најде на списокот?

Според Меик Викинг, автор на „Уметноста на создавањето спомени“, позитивните спомени влијаат врз нашето ментално здравје и можат да помогнат во зајакнувањето на нашите односи и идентитет. Дури и самото сеќавање на позитивен момент може веднаш да ве направи посреќни и да ве одврати од негативните мисли, пишува Џина Вилд.

Така, иако малите роденденски забави може да изгледаат како безначајни, тие можат да остават прилично длабок впечаток кај децата. За жал, не можеме да се вратиме во времето за да ја промениме историјата и да си ги подариме овие работи ако ги пропуштиме, но можеме да го искористиме она што го знаеме сега за да го направиме подоброто за нашите сопствени деца.

Работејќи на создавање побезбедна средина каде што се изразува поддршка и правејќи го сето она што можеме за да ги исполниме овие желби за децата во нашите животи, можеме подобро да ја спречиме детската траума.

Автор: Марилиса Рејес/ психолог, автор

Извор



912

X