Алиса Кол Бесирес неодамна го роди нејзиното четврто дете и едвај чекаше да го запознае со својата баба. На виралното видео, кое собра повеќе од 11 милиони прегледи, 90-годишната бабичка беше обземена од емоции кога ја запозна својата правнука.
Видеото почнува со снимка од бабата на Алиса како лежи в кревет и гледа телевизија. Кога бабата ја гледа својата правнука, го исклучува телевизорот и ги подава рацете.
Бабата гледа во камерата и внимателно го ниша бебето. Потоа ги вади очилата и го доближува лицето до бебето кое мирно спие во нејзините раце.
– Јас сум во рајот. Умрев и отидов во рајот – вели бабата совладана од емоциите.
@alyssabeseris My 90 year old grandma meeting my newborn baby, the very end ?
♬ original sound – Alyssa Cole Beseris
912