Здравје

9 прашања што покажуваат дали треба да појдете на преглед кај уро-гинеколог

Голем број жени не бараат медицинско решение за уролошки или гинеколошки состојби поради срам или страв

Центарот за уро-гинекологија и реконструктивна пелвична хирургија во клиничката болница „Жан Митрев“ е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:
-Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на урина);
-Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/столица);
-Пролапс на генитални органи (утерус, вагина, бешика и ректум спад од нормална позиција);
-Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика);
-Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс.

Голем број жени не бараат медицинско решение за овие состојби поради срам или страв дека зад овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно. Некои сметаат дека ваквата состојба е нормална за нивната возраст.

Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените што одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на урина, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од жените во постменопауза имаат неволно цревно празнење (цревна инконтиненција).
Овие состојби не се нормални за која било возраст и овие заболувања можат да предизвикаат значајни физиолошки, социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални нарушувања.
Терапијата за инконтиненцијата и пролапсот може да е: хируршка и нехируршка. Лекарите од „Жан Митрев“ имаат индивидуален пристап кон секој пациент и го базираат третманот во зависност од потребите и желбите на секоја жена.
Ние на секоја жена ѝ ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и помагаме секоја жена го одбере најдоброто за неа. Секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодветна медицинска помош.

Проф. д-р Васил Илиев

ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ СИМПТОМИТЕ

1. Дали се случува несакано да испуштите урина кога кашлате, кивате, трчате, скокате, се смеете, носите товар, имате сексуален однос и друго?

2. Дали често ви се јавува силна желба да мокрите, да испуштите урина пред да стигнете до тоалет?

3. Дали мокрите секој час во текот на денот или повеќе од 2 пати навечер?

4. Дали случајно/несакано испуштате гасови или столица барем еднаш во текот на неделата?

5. Дали често имате силна желба за празнење на цревата, па се случува да испуштите малку столица пред да стигнете до тоалет?

6. Дали забележувате испакнување (топче) кај вагината при бањане?

7. Дали морате да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате?

8. Дали чувствувате притисок и тегнење во вагиналниот предел кој се намалува и се губи откако ќе легнете?

9. Дали се подмочувате при смеење, кашлање, сексуален однос или друга активност?

Доколку одговорот е „да“ на кое било од овие прашања, закажете преглед со нашите супспецијалисти за уро-гинекологија и реконструктивна пелвична хирургија.

Иницијалната посета трае просечно 30 минути, иследувањето е многу слично на рутинскиот гинеколошки преглед, ќе има доволно време за разговор за вашата состојба и можностите за терапија. Работиме со соодветни најсовремени дијагностички тестови и апаратура.

Процедури што ги применуваме:

Вагинопластика (пластика и рејувенација на вагина)
Перинеопластика (стеснување на влезот на вагина)
Пластика на големи и мали усни на вулва
Редукција и зголемување на клиторис
Хименопластика
Ласер ремоделирање
Третман на инконтиненција со и без лента
Корекција на цистоцела (спуштена бешика)
Корекција на ректоцела/ентероцела (спуштено дебело црево)
Подигање на бешика по хистеректомија
Подигање на матка
Хистеректомија (вагинална, абдоминална, лапароскопска)
Хистероскопија
Ендометријална аблација

Автор: проф. д-р Васил Илиев, гинеколог-акушер, уро-гинеколог
(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top