Повеќето родители мислат дека никаде не грешат кога станува збор за воспитување на децата, но научниците велат дека кога станува збор за казните за одредено однесување, родителите и тоа како не знаат што треба да направат.
Во поголем дел од времето возрасните не можат да се контролираат, па ги казнуваат децата и повеќе отколку што тие заслужуваат. Тоа има негативни последици врз детето, па развива стравови и стереотипи, поради што во животот многу работи ќе му бидат потешки да ги направи.
Експертите советуваат во тие мигови родителите да се послужат со некоја од следниве тактики.

Не треба казна ако немало зла намера

Во повеќето ситуации децата никого не сакаат да повредат, туку само сакаат да откриваат нови работи. Кога го казнувате поради некои несреќни околности што се случиле ненадејно, тогаш детето расте во неодлучна личност.

Предлозите и наредбите се сосема различни работи

Овие ситуации се нарекуваат стереотипни акции. Родителите мислат дека традиционалните начини на воспитување се најдобри зашто така постапувале и нивните родители. Но, постои голема разлика кога ќе кажете: „Мислам дека не треба да ја играш таа игра“ и „Немој да ја играш таа игра“. Доколку детето има јака личност, ова нема многу да го погоди, но доколку е чувствително – тогаш и тоа како ќе го повреди. Кога ќе порасне ќе слуша наредби од сите луѓе и ќе ги почитува поради страв од последици.

Казната не смее да е емотивна

Ако детето е непослушно, некои родители се лутат и не можат да се контролираат, иако го сакаат своето дете. Тоа често е последица на големите очекувања што родителите ги имаат од децата. Кога нема да се исполнат, родителите не се чувствуваат задоволно. Таквите емоции треба да се решат.

Јавното казнување е неприфатливо

Тоа ги понижува и ги навредува децата, а прави да чувствуваат бес. Така детето секогаш ќе се чувствува посрамено и понижено доколку ситуацијата се повторува. Подоцна, таквите деца може да станат зависни од мислењето на другите луѓе.

Исполнете го тоа што го кажувате

Ако му ветите на детето дека ќе го казните, тогаш сторете го тоа. Ветувањето дека ќе има казна е полошо отколку да не го казните воопшто. Децата брзо учат дека тоа се само празни зборови што ги користат родителите и се помируваат со тоа.

Казнете ги сите кога не знаете кој е крив

Кога не знаете кое од две или повеќето деца е виновно за некоја беља, казнете ги сите. Така нема да се чувствуваат одвоено, а виновникот нема да се извлече.

Децата треба да одговараат за сегашната, а не за бељата од претходно

Една од најважните тактики е казна-простување-заборавање. Детето што е постојано под казна поради нешто што претходно го направило не може да биде јака личност.

Казната да е во согласност со годините и хобијата

Системот на казнување треба да е јасен и избалансиран. Немојте да давате исти казни и за лоши оценки и за скршен прозорец. Малите работи заслужуваат мали казни, а големите – поголеми.

Не користете лоши и навредливи зборови

Тоа се случува кога луѓето се многу емотивни. Многу родители не ни забележуваат дека го прават тоа. Психолозите предлагаат неутрален речник. Чувствителните деца може да имаат проблем со самодовербата поради тоа. Може да запаметат кога таткото или мајката им кажала некој навредлив збор, а тоа е многу поопасно за девојчињата отколку за момчињата.



912

X