Жена што возела електричен велосипед во кинескиот град Хефеи доживеала сообраќајна несреќа. Таа останала без свест, а нејзиниот 9-годишен син веднаш се упатил кон фреквентната раскрсница.
„Мамо, мамо“, извикувало момчето додека трча кон мајка си и почнува да ѝ укажува брза помош. Иако не успеало, момчето останало со мајка си и држело чадор над неа за да ја заштити од жештините додека не пристигнат итните служби.
Возач на брза помош изјавил за „Џиму Њуз“ дека жената се здобила со отворена рана на главата и се освестила на пат кон болница. Момчето останало кај неа како придружник. Таткото на 9-годишното момче изјавил дека неговиот син ја научил техниката на реанимација гледајќи телевизија. Луѓето биле воодушевени од гестот на момчето, но некои предупредиле дека неправилно извршување на реанимацијата може да има дополнителни последици.
„Не на секој повреден му е потребна реанимација. Само ако е срцев удар. Во спротивно, повредата може да се влоши”, е еден од коментарите. Видеото можете да го погледнете овде.