Игротека

9-годишно момче од Кенија доби награда од претседателот откако направи машина за миење раце

Ова 9-годишно момче од Кенија доби посебна награда од претседателот затоа што создало уред за миење на рацете со цел да го спречи ширењето на Ковид-19.

Стивен Вамукота успеал да создаде мала санитарна станица користејќи само кофа, неколку парчиња дрво и основни алатки. Бидејќи механизмот на мијалникот се активира со педали за нозе, луѓето можат да си ги мијат рацете без да ја допираат површината.

– Купив парчиња дрво за да направам рамка за прозорецот, но кога се вратив од работа, открив дека Стивен ја направил машината. Концептот беше негов, а јас му помогнав во затегнувањето на машината. Многу сум горд  – вели неговиот татко Џејмс.

Момчето било инспирирано да ја направи машината откако на вестите слушнало за начините на избегнување на ширењето на Ковид-19. Откако фотографиите од неговиот прототип се појавија на „Фејсбук“, момчето изгради уште еден, а планира да изгради повеќе.

Поради неговата иновативност, кенискиот претседател му ја доделил претседателската награда за услуги „Узалендо“.

Освен тоа, гувернерот на неговата област во Кенија ветил дека на момчето ќе му даде стипендија кога ќе биде доволно возрасно за да може да се запише на колеџ.

– Тој отсекогаш сакаше да гради фабрики и да стане инженер. Се надевам дека тоа ќе биде и ќе стане голема личност – вели неговиот татко.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top