Четвртоодделенецот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје освои најмногу медали – дури 13 на последното национално првенство во Рубикова коцка. Од нив два се меѓународни, а 11 се во македонска конкуренција. Тој сруши и седум национални рекорди.
„Macedonian Nationals 2019” беше третиот официјален натпревар во Македонија во Рубикова коцка и се одржа во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. На натпреварот учествуваа 78 натпреварувачи од седум земји – Швајцарија, Белгија, Бугарија, Грција, Србија, Косово и од Македонија.
Ѓорѓи Чешмеџиевски
– Во натпреварувањето категориите не се прават според пол, држава, старост, туку сите натпреварувачи се натпреваруваат во една иста група. Имавме 12 дисциплини, односно 12 различни коцки и други форми (пирамида, „коцка“ со 12 страни, итн.). Интернационалните подиуми се многу потешки бидејќи конкуренцијата од другите држави беше голема – вели Александар Арсовски од Здружението на спортски активности „Македонска кјубинг асоцијација“ – Скопје што го организира натпреварот.
Освен Чешмеџиевски, нови македонски рекорди поставија и Александар Дуклески (6 рекорди) и Александар Арсовски (1 рекорд). Тие тројцата исто така освоија и интернационални подиуми – Дуклески (3), Чешмеџиевски (2) и Арсовски (1).
Ова се резултатите на македонските натпреварувачи:
Александар Дуклески: 9 подиуми
Никола Димитровски: 5 подиуми
Борјан Бабоски: 3 подиуми
Никола Ничовски: 3 подиуми
Александар Арсовски: 1 подиум
Борис Ѓорѓиевски: 1 подиум
Никола Пулковски: 1 подиум
912