За многумина од нас мајчинството е исполнет сон и избрана професија, а името „мама“ е она што го носиме како знак на чест. Многу од нас тоа го носат на маиците, на шолјите за кафе и тоа име го користат кога се потпишуваат на белешките оставени на кутиите за ручек.

Безброј генерации жени ја носеле оваа титула додека истовремено ја носеле и тежината на нивните семејства. Долго време жените ги поддржуваат семејствата, меѓутоа, важно е општеството да ги гледа жените како нешто вредно за поддршка.

Минатата година истражување спроведено од веб-страницата Motherly откри дека речиси 60 отсто од мајките што  припаѓаат на генерацијата милениумци сметаат дека мајчинството е она што најмногу ги дефинира. Кога во 2019 година им било поставено истото прашање, 67 отсто од испитаниците рекле дека да се биде мајка е дефинирачки фактор за тоа како се гледаат самите себе. Бројката е повисока за мајките под 30 години – 76 отсто од мајките под 30 години чувствуваат дека се дефинирани од мајчинството, додека само 62 отсто од мајките над 35 го сметаат истото.


Ова покажува дека како што стареат мајките, тие можат да го задржат или повторно да се поврзат со делови од нивниот идентитет што не е поврзан со родителството. За ова е потребен аплауз – иако не постои ништо лошо во тоа да се гледате себеси како мајка, мајките се жени со кариера, хоби и романтични животи.

Истражувањето покажа уште неколку резултати.

Милениумските мајки чувствуваат притисок да имаат секс

Станувањето родител ограничува одредени делови од животот на една жена. Многу мајки чувствуваат притисок да се вратат на работа, а уште поголем е притисокот да имаат сексуален однос со партнерот. Речиси една третина од милениумските мајки велат дека имале секс со партнерот пред да се чувствуваат подготвени, а 53 отсто изјавиле дека почнале да пројавуваат интерес за секс 6 недели по породувањето.

Мајките под 30 години изјавиле дека се чувствувале подготвени за секс многу порано отколку постарите мајки. 67 отсто од мајките под 30 биле подготвени за секс по 6 недели од породувањето, додека само 54 отсто од мајките на возраст од 30 до 34 и 44 отсто од мајките на 35 години и постари го рекле истото.

Притисокот + напредокот на работа

Истражувањето укажува на тоа дека повеќе од половина од мајките што работат сметаат дека работата ги зајакнала или ги инспирирала да бидат подобри мајки, а 90 отсто велат дека нивниот избор на работа им помогнал да постават позитивен пример за нивните деца. Но, додека работењето ги поттикнало да станат подобри мајки, мајчинството не им било од голема корист кога станувало збор за работата.

Финансиската потреба и понатаму е главната причина за тоа зошто мајките одат на работа. Но, голем дел од мајките со скратено работно време (49 отсто) велат дека имаат желба да учествуваат во работа што е надвор од домаќинството.

Мајките го носат товарот во нашата култура што ја става работата на прво место

Речиси 70 отсто од мајките што работат сметаат дека нивниот работодавец го поддржува доењето, што е одлична вест, но постојат и други работи за кои мајките би сакале да бидат поддржани од работодавците.

Речиси една четвртина од мајките велат дека подолгото платено породилно отсуство би бил најдобриот начин на кој работодавците би можеле да ги поддржат мајките, додека 21 отсто би сакале да има детска грижа на работа. Вкупно 45 отсто од мајките сакаат поголема помош во транзицијата кон родителството.

Флексибилните распореди и работните можности надвор од канцелариите се второто најголемо барање од мајките.

Милениумските мајки сè уште водат на домашен фронт

Повеќе од половина од анкетираните мајки пријавиле намалување на работното време откако станале родители – 59 отсто велат дека кариерата на нивниот партнер останала непроменета, а 31 отсто изјавиле дека нивниот партнер ја подобрил кариерата.

2019 година е, но мајките и понатаму го извршуваат поголемиот дел од домашните обврски. 61 отсто од мајките велат дека поголемиот дел од домашните обврски и задачи ги вршат тие, додека 32 отсто велат дека домашните обврски и задачи се еднакво поделени. Само 5 отсто од мајките велат дека нивниот партнер го зема поголемиот дел од обврските.

За мајките што работат, само 68 отсто велат дека се чувствуваат поддржани од нивните партнери, а 28 отсто велат дека се почувствувале поддржани „само понекогаш“.

Милениумските мајки велат дека општеството воопшто не ги разбира или поддржува

85 отсто од милениумските мајки велат дека општеството не ги поддржува мајките.

Ова гледиште е конзистентно во сите групи без оглед на расата, етничката припадност, возраста и бројот на децата што го имаат. Сите ние сме мајки. И на сите нам ни е потребна поголема поддршка.



912

X