Денес, кога многу луѓе ги споделуваат деталите за своите животи на социјалните мрежи, многу е полесно да се споредувате со другите.

Дури 80 отсто од мајките постојано се споредуваат со другите родители, а 81 отсто се грижат ако другите ги осудат нивните родителски методи.

Ова го покажа истражувањето на брендот „Кендамил“, а според него, мајките сметаат дека овие осуди доаѓаат од сите страни – 37 отсто сметаат дека се осудени од свекрвата, 31 отсто од сопствената мајка, 22 отсто од другите родители од училиштето или од градинката. 39 отсто веруваат дека се осудени од нивните пријатели (без оглед дали имаат или немаат дете).

Психологот и автор д-р Одри Танг вели дека осудата сама по себе не е ниту добра ниту лоша. Таа е чин што ни доаѓа речиси инстинктивно во животот во заедница и обично се случува поради наша сопствена несигурност.

– Секогаш кога ќе покажеме со прст кон некого, се обидуваме да избегнеме да се гледаме себеси – вели д-р Одри, додавајќи дека сè додека има некој друг на кој можеме да помислиме, по можност да е „послаба алка“ од нас – ние сме безбедни.

– Конкуренцијата е еден од оние „спортови“ што зборуваат за нашата несигурност, а она што другите го велат е одраз на самите себе, а не на вас, и вие не мора да реагирате на тоа – вели 25-годишната Флоренс Грејс, мајка на едно дете. Таа верува дека културата на инфлуенсери ја зголеми нашата потреба да се споредуваме со другите.

Како што вели, неодамна една од нејзините пријателки организирала забава за своето дете, со еден куп украси, декорации и подароци.

– Постојано размислував дека не го направив тоа за мојот син, па бев загрижена дека можеби сум лош родител – вели таа.

Сепак, колку и да изгледа подобар нечиј живот, таа додава дека сите сме во иста ситуација – поради нашите деца, се обидуваме да бидеме најдобрата верзија од себеси.

Д-р Танг вели дека стравот од осуда честопати произлегува од тоа што ги живееме нашите животи следејќи низа правила што сами си ги поставуваме.

Затоа, таа порачува, кога другпат ќе почувствувате страв од осуда бидејќи не сте направиле нешто како што треба, прашајте се како би се чувствувале ако не си ја наметневте идејата дека нештото треба да го направите.

Од какви осуди најмногу се плашат родителите?

– Тантруми на детето во јавност (40 отсто);
– Осуда поради храната што му ја даваат на детето (39 отсто);
– Поради премалку активност со своето дете (37 отсто);
– Поради начинот на дисциплинирање на своето дете (34 отсто);
– Поради облеката што ја носи детето (30 отсто);
– Поради тоа што пие адаптирано млеко (29 отсто);
– Поради тоа што детето има цуцла (27 отсто)
– Поради тоа што детето поминува премногу време пред екран (26 отсто);
– Поради доење на јавно место (26 отсто).

Извор



912

X