Игротека

8-годишник напишал книга и кришум ја оставил во библиотека

Добри работи им се случуваат на трпеливите, но со малку труд, успехот може да дојде порано отколку што мислите. Таа лекција ја научил осумгодишниот Дилон Хелбик, кој ја напишал првата книга и ги воодушевил сограѓаните во градот Боис во американската држава Ајдахо.

Никој не забележал кога ова момче донело книга од 81 страница што ја напишало рачно во локалната библиотека. Но, се случило нешто што го изненадило него, а и неговите родители – 56 луѓе се пријавиле на листата на чекање во библиотеката за да ја добијат книгата. Овој фиктивен роман ја раскажува приказната за тоа како Дилон ја украсил елката, која потоа експлодирала и го однела во 1621 година. Таа година, Денот на благодарноста бил прославен првпат во САД – момчето ги проверило овие информации со помош на неговата мајка додека пишувало книга за време на зимските празници.

Ова дело го напишал рачно во својот дневник, а самиот ги цртал и илустрациите. Осумгодишното момче ја нарекло книгата „Авантурите на Крисмис“ од Дилон Хелбиг и напишало дека Дилон Хелбиг е „неговата маленкост“.

Меѓутоа, единствената причина поради која луѓето слушнале за книгата на момчето е начинот на кој таа се појавила на полиците во библиотеката. Откако ја завршил книгата, отишол во библиотеката со баба си и решил да ризикува. Тој го оставил единствениот примерок од делото на полица кога никој не го гледал.

„Требаше да се прикрадам покрај многу библиотекари и знаете што направив? Ја покрив едната страна од книгата, а другата ја потпрев до телото – така ја внесов“, објаснил Дилон за локалната телевизија.

фотоизвор: Сузан Хелбиг/ „Би-би-си сербиан“

„Отсекогаш сум бил лукав, така добивам чоколадо“, додало момчето.

Кога вработените во библиотеката ја виделе книгата, решиле да ја вклучат во понудата.

„Книгата на Дилон апсолутно ги исполнува сите услови да се најде во нашата колекција“, рекол Алекс Хартман, менаџер на библиотеката. Дилон веќе има план за нова книга – им рекол на заинтересираните новинари дека таа ќе биде заснована на вистински настани. А веќе го смислил и насловот – „Плакарот што ја голта облеката“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top