Ако ве родиле, не значи дека поседуваат право на вашиот живот. Секое возрасно лице мора да има слобода да прави што сака, без вплеткување, омаловажување или занемарување од страна на семејството
Ако живеете во токсично семејство и никогаш не сте запознале поинаков начин на живот, можеби ќе ви требаат неколку години пред да успеете да побегнете од таквото опкружување.
Ќе ви бидат потребни неколку години за да сфатите какво емотивно насилство сте трпеле од вашето семејство. За жал, не сте ни прв ни последни што живееле или живеат во токсично семејство.
Психолозите наведуваат неколку факти карактеристични за токсичните семејства. Ако препознаете дека живеете во таква средина, итно мора да побарате помош од пријатели или стручни лица за да се изолирате од таквото опкружување!
1. Се чувствувате занемарено
За разлика од физичкото, емотивното злоупотребување е тешко за препознавање. Една од карактеристиките е занемарувањето: тоа е чувство кога знаете дека некој друг секогаш им е поважен на вашите родители: другите деца во семејството, пријателите на вашите родители, родителите на вашите родители или соседите – сите, само не вие.
И тоа секогаш – без исклучок! Можеби ќе ви речат дека сте хистерични, дека сте незрели и детинести, па ќе ви побудат сомнеж и несигурност.
2. Во вашето семејство секогаш се вика и секогаш има некоја драма
Здравите семејства научиле како да ги решаваат своите проблеми без тешки сцени. Иако и во здравите семејства понекогаш се случуваат расправии, недоразбирањата се решаваат со меѓусебна почит, љубов и искреност.
Во токсичните семејства драмата никогаш не престанува. Иако се обидувате да не ја разгорувате, таа се случува. Оваа ситуација е вообичаена во многу семејства.
3. Постојано ви говорат дека „валканите алишта“ не се изнесуваат надвор од семејството
Ако вашите родители ве замолчуваат и ви кажуваат дека за семејните расправии не смеете никому да кажете ни збор, тоа е еден вид показател дека другите семејства не се такви бидејќи кај нив не се случуваат такви расправии. Ако тајните се чуваат зад седум брави, тогаш тука нешто не штима.
4. Ограничени ви се финансиите, храната или другите ресурси
Родителите ве ограничуваат и ве уценуваат со пари или храна. Постојано сте под некој вид казна бидејќи не сте направиле ова или она, па затоа нема да добиете пари или храна. На пример: „Ако не го направите тоа, денес нема ручек или вечера.“ Оваа карактеристика е типична за токсичните семејства.
5. Во рамките на семејството не постојат приватни работи или граници
Ако постојано мора да се борите за своето „место под сонцето“ во рамките на семејството, ако немате свој простор или приватност од кој било вид – тоа е знак дека живеете во токсично опкружување.
Дури и ако се отселите од дома, а потоа тие ненајавени ви се појавуваат на врата, и тоа е еден вид контрола над вас. Како да ви порачуваат: „Можеш да си одиш, но никогаш нема да побегнеш од нас!“
6. Постојано ви повторуваат дека сте среќни што ги имате за родители
Едно од главните средства за контрола на родителите над децата е постојаното потсетување колку сте среќни што токму тие ви се родители. Дека без нив би биле неспособни за живот. Со тоа постојано ве обезвреднуваат, а вашата самодоверба опаѓа.
Таквите луѓе се несигурни во себе, па вршат еден вид тортура над вас за да ја подигнат својата самопочит, а од вас бараат робовска послушност.
7. Се плашите за вашата безбедност
Слушајте го своето срце! Ако тоа ви вели дека живеете во нездраво опкружување, веднаш побарајте помош. Доколку се чувствувате загрозени од однесувањето на вашите родители или други членови на семејството, слушајте ги вашите инстинкти и бегајте!
Секогаш постои начин да го подобрите својот живот далеку од семејството кое ве уништува!