Воспитување

6 совети како да го следите својот сон иако сте премногу зафатени

Да, имате време. Како идна мајка на шест деца, ве разбирам кога велите дека посакувате да почнете нов проект или да се стремите кон нова цел, но едноставно сте премногу зафатени за да додадете уште една обврска на вашата листа. Никој од нас нема доволно време. Само што завршив со пишување книга, а првата работа што повеќето пријатели ме прашаа е: Како успеа да го направиш тоа?

Тоа е разумно прашање. Како што е разумно и да бидеш бремена и да се грижиш за пет деца, да водиш бизнис за организација на венчавки. Мојот партнер, исто така, работи со полно работно време како финансиски советник и нашите деца ги вклучивме во низа спортови и други активности. Како некој толку зафатен како мене може да си дозволи да тргне некои обврски за да направи место за пишување книга? Ќе ви откријам една тајна. Не го сторив тоа. Беше невозможно, па направив нешто што за многу мајки е незамисливо. Почнав да отфрлам некои други работи за да направам простор. А имам и партнер со неверојатно разбирање.

Зедов неколку месеци слободни, во однос на поканување гости дома. Работев помалку, носев ексцентрична облека, а вечерата беше едноставна – смрзнати продукти кои веднаш се приготвуваат. Наместо да им читам на децата, ги водев во затворени игротеки, додека тие си играа, јас зјапав во мојот лаптоп. Се чувствував ужасно. Бев лоша мајка, лош партнер, отсутен пријател, а мојата куќа беше во хаос. Но, по два месеца, одеднаш станав автор. Мојата книга беше готова, па можев да продолжам каде што застанав. Моите деца си ја добија назад мајка си, косата ја осветлив, а куќата престана да биде контаминирана. Најдоброто е што никој не забележа дека не било секогаш така.

Прашањето „како постигнуваш?“ не беше бизарно на почетокот, бидејќи за мене беше очигледно прашање. Но никој не ги забележува сите ваши брзања и фрки бидејќи никој не ве осудува толку строго колку што самите се осудувате.

Сè на сè, мајки од светот, тука сум да ви кажам дека имате време да направите сè што сакате – само немате време да направите сè одеднаш. Уште поважно, не е себично да си одредите време за една област од вашиот живот (кариера, цел), што ви е важна. Вашите деца ќе имаат придобивка од тоа да ве гледаат како успевате, но и ако се случи неуспех. Тие со вас ќе ги слават и победите и поразите.

Потсетете се дека вашите деца може да изберат да се формираат врз основа на изборите што вие денес ги правите. Дали сакате да се чувствуваат слободни да ги следат своите соништа кога ќе пораснат? Или да се скријат во себе, без да имаат храброст да ги реализираат? Затоа, дозволете им да ве видат како победувате, како губите, како поставувате приоритети. Ако имате сон – а се надевам дека имате – ова се моите 6 совети за да најдете време и да го следите.

1. Распоред

Погледнете во вашиот календар и определете ги временските периоди што ќе ги потрошите на вашиот проект. Обврзете се дека ќе го почитувате распоредот и строго ќе се држите до него.

2. Користете ги моментите

Лаптопот нека биде до вас и користете ги сите моменти и паузи што ги имате на располагање: додека чекате на лекар, додека се мие автомобилот, часови по балет и слично.

3. Одредете крајни рокови

Одредете пријател на кој ќе му ги испраќате доказите од завршените обврски во одредено време. Вашиот „асистент“ може да биде и вашиот најдобар пријател или мајка ви.

4. Оставете работите да течат

Потсетете се на песната од Елса од „Снежното кралство“. Оставете ги перфекционизмот, вината и сомневањето во себе. Немате време за тие нешта. Исто така, оставете ги чистењето, готвењето и перењето облека, некое време. Сите ќе преживеат, не грижете се.

5. Наградете се себеси

На сите ни е потребно признание за тешката работа, но не е лесно да се добие во првите фази од новиот проект. Одберете неколку цели однапред, како и наградата во која ќе уживате откако ќе постигнете некоја од целите. Педикир, чоколада, вино. Сте завршиле добра работа и не треба да се плашите ако си го признаете тоа и се наградите.

6. Запомнете – привремено е

Кога сте ја постигнале целта, повторно ќе имате време, дали затоа што сте се ослободиле себеси од премногу обврски или сте добиле пари со кои можете да платите некој друг да заврши одредени обврски наместо вас. Нема да имате неуредна куќа засекогаш, па можете да продолжите да бидете супермајка кога за тоа ќе дојде соодветно време.

Автор: Алис вон Симсон

Извор

Поврзани написи

To top