Воспитување

7 работи што треба да престанеме да им ги кажуваме на татковците

Кога се работи за признавање на татковците и нивната улога во родителството, навистина можеме подобро. Таткото на 3 деца и блогер Ник Симард објавува листа со работи што би требало да престанеме да им ги кажуваме на татковците.

„На (детска) должност си?“

Тоа се нарекува родител. Кога последен пат сте биле на детски роденден или игралиште и на некоја мајка со дете сте ѝ го рекле истото? Се разбира, претпоставка е дека е на должност. Таа е мајка и тоа е она што мајките го прават. Татковците само понекогаш се појавуваат за мајката да добие пауза, зарем не? Не. Не е вистина. Таткото со детето „не е на должност“.

„Вечер ти ги чуваш?“

Чување деца е кога внимаваш и чуваш туѓо дете, така што родителите на тоа дете да може да одат на состанок или можеби да работат. Дружењето на родителите со сопствените деца, дури и ако тоа го прави таткото, се нарекува родителство. Кога татковците навечер излегуваат со пријателите, на пиво, гледаат натпревар во бар или што и да е со група мажи, мајката останува дома со децата и ја „завршува својата работа“. Истото важи и за татковците. Престанете тоа да го нарекувате чување деца.

„Малку мир и одмор за мама?“

Зошто претпоставуваме дека мајката е примарна негувателка? Или кога таткото е со децата, тоа е само затоа што мајката треба да се одмори? А кога ќе ги видиме мајките велиме ли: „Тато е на одмор?“ Не! Во повеќето случаи жените преземаат поголем дел од родителската улога, но тоа не значи дека единствена причина за таткото да биде со децата е за мајката малку да се одмори. Мора да се престане да се размислува за татковците како за фигури кои треба да бидат тука само кога на мама ѝ треба одмор. Родителството е тимска работа. Понекогаш мајката е со децата, понекогаш таткото. Барем така би требало да биде.

„Се надеваме дека куќата ќе биде на место кога мама ќе дојде дома!“

Бидејќи татковците се неспособни и немаат поим како да спречат нешто да се скрши или детето да падне. Ако тоа не го прават често, да, би можело да има малку повеќе хаос кога мајката ќе се врати дома. Возрасните мажи би требало да бидат способни да останат дома со децата и куќата да не се распадне.

„Денес тато ти ја избра облеката и те облече“

„Хаха! Детето има различни чорапи или маицата е наопаку облечена. Глупав тато! Не знае подобро“. Дали е вистина дека мојата сопруга би рекла оти немам око за мода кога е во прашање изборот на облека за нашите деца? Апсолутно. Но, дали е вистина дека секојпат кога детето е облечено „лошо“ – тоа е вина на таткото? Се разбира дека не. Мајките може да бидат толку зафатени со други работи околу децата што едноставно не размислуваат некогаш како ги облекуваат децата. Дали е чисто и уредно? Да. Да престанеме да ги навредуваме татковците велејќи: „Леле, погледни како овој татко го облекол ова кутро дете!“ Освен тоа, како можете така да исмејувате дете?

„Леле, тој менува пелени!“

Вонредна вест: Мажите можат да сменат пелени без детето да им падне и без да има неред на сите страни. Мажите не би требало да добиваат награда или парада во нивна чест бидејќи менуваат пелени. Тоа е дел од родителството, баш како што е хранењето, времето за бањање и за спиење. И од кога очекуваме дека мајките ќе ги прават тие „одвратни“ работи, а другите не? „Никогаш не би ја замолил да го изнесе ѓубрето/да го собере изметот од кучето/да убие инсекти“. Но, да, изметот од задникот на бебето, за тоа е задолжена мајката, а ако таткото помогне, тој е херој.

„Имаш среќа што ти е од корист“

Не. Не е среќна. Тоа не би требало да биде како жените да победиле во „фантастична татковска лотарија“ бидејќи мажот ја завршува својата родителска обврска. Не е корисно кога ќе претпоставиме дека мажот не прави апсолутно ништо и потоа велиме дека мајката е толку среќна што партнерот ѝ помага околу децата (дури менува пелени). Очекувајте повеќе и сфатете дека има многу татковци што не чекаат мајката да ги заврши сите родителски обврски додека тие се грижат за правење скара и косење трева.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top