Дали вашата ќерка има пријател со кој истовремено е и непријател, односно ривал. Во повеќето групи постои барем една таква личност, вели Роуз Стенли.

Колку време поминало откако сте биле домаќини на пријателската група другарки на вашата ќерка што дошле на преспивање? Следниот пат кога ќе се случи тоа, слушајте внимателно и набљудувајте ги интеракциите помеѓу вашата ќерка и нејзините пријатели. Многу е веројатно во група од пет или шест девојки да има барем едно лице кое е навидум пријател на вашата ќерка, но ѝ предизвикува емоционален немир.

Ова се неколку работи на кои може да обрнете внимание:

1. Таа прави „смешни“ коментари кои може да бидат сфатени на два начина, со потенцијал да предизвикуваат навреда или повредување. Таа ќе го каже тоа и потоа ќе следува реченицата: „Само се шегував!“, како вашата ќерка да е премногу чувствителна што помислува дека тоа е кажано на лош начин.
2. Случајно ја „крши“ самодовербата на вашата ќерка преку споделување чувствителни информации, но не ја презема одговорноста за тоа. Наместо тоа, кажува изговори од типот на: „Не мислев да те вознемирам…“
3. Вашата ќерка некогаш е несигурна дали воопшто ѝ се допаѓа на таа пријателка. Може да биде и многу топла и многу студена.

4. Многу е натпреварувачки настроена кон вашата ќерка во одредена област, на пример, во учењето или спортувањето, а полошо – и во секоја област, па изгледа дека ужива да ѝ кажува дека е подобра од неа. На крајот, не се радува на успехот на вашата ќерка.
5. Нема да ја поддржи вашата ќерка кога се работи за нешто што неа лично ќе ја направи помалку популарна.
6. Ги знае чувствителните точки на вашата ќерка и постојано се задева.
7. И двете знаат дека пријателот-ривал ја има моќта да го промени мислењето на другите во групата. Тоа е непишано разбирање.

Ако се согласувате со повеќето од овие точки, тогаш разговарајте отворено со вашата ќерка и дајте ѝ можност да ги каже сопствените грижи за оваа таканаречена пријателка. Ако вашата ќерка има сомнежи, немојте веднаш да ѝ речете: „Таа не е добар пријател, треба да престанеш да се дружиш со неа!“, туку треба да ѝ помогнете да ја процесира ситуацијата, да ѝ поставите отворени прашања и потоа да ја поддржите во одлуките. Обидете се со: „Што мислиш, што е тоа? Што забележуваш кај неа? Кои се твоите сомневања?“

Можете, исто така, нежно да ја охрабрите да склопува пријателства надвор од училиштето и да ѝ помогнете да размисли за проширување на нејзината социјализација и во рамките на училиштето.

Забелешка: Не значи дека вашата ќерка треба да престане да биде пријателка со ваквото девојче – можеби ќе биде потребно само да поработите со неа во однос на зголемување на нејзината самоувереност во друштвото.

Извор



912

X