Ковид-19 имаше огромно влијание врз нашите социјални вештини, а тоа особено се рефлектира кај децата. Никој не може да го минимизира фактот дека е направена штета врз нашето социјално однесување. Наречете ја 2020 „промашена година“, но тоа би било потценување. Како да очекуваме нашите деца да се асимилираат во хибридни или лица кои учат практично кога не си ги вежбале своите социјални вештини? И што со децата кои биле срамежливи, интровертни, или осамени пред пандемијата, дали животот ќе биде подобар или полош за нив? Адресирањето на социјалните и емоционалните потреби на децата откако ќе се вратат со физичко присуство на училиште е многу важно.

Американската академија за педијатрија истакна дека децата треба да се вратат во училишните клупи оваа есен. Сериозноста на пандемијата се препознава, но мора да се препознае и есенцијалната вредност на емоционалната безбедност кога се евалуира училишната безбедност во целост. Односите со врсниците и возрасните за децата се бесценети, особено за децата од претшколска возраст кои учат како да споделуваат и да играат со другите деца. Прочитајте ги 7. начини кои може да им помогнат на вашите деца во градењето здрави социјални вештини.

Играјте игри

Игрите се неверојатно корисни и се лесен начин да ги учите децата на вештини и претставуваат можности за социјален развој. За помалите деца, моделирајте ситуации за справување со порази, а со постарите може да играте игри во кои тие ќе учат за земање предвид на чувствата на другите и да зборувате за тоа како да изберете игра која мислите дека ќе му се допаѓа на некој друг.

Одете на планинарење

Помогнете им на децата да го истражуваат своето внатрешно мислење додека ја истражуваат природата. Што слушаат? Одвојувањето време за вистинско слушање ќе ја подобри нивната способност да паузираат и да слушнат што велат другите. Градете вештини за емпатија преку дискутирање за нивните мисли и чувства. Зошто го чувствуваат тоа што го чувствуваат? Што може да направат за да биде подобро?

Повторно обединување со пријателите пред училиште

Многу деца може да ги добијат двете дози на вакцина, како и нивните родители, па поминувањето време со пријателите ќе биде полесно. Неколку состаноци со пријателите, со придржување до протоколите за заштита ако е потребно, ќе им овозможат утеха на анксиозните деца.

Читајте книга заедно

Најдете книга во која се зборува за социјалните дилеми и дискутирајте ја приказната заедно. Зошто главниот лик е тажен или лут? Што се случило за ликот да реагира на лош начин?

Креирајте план за враќање на училиште

Неизвесноста доведува до анксиозност. Подгответе го детето пред да се врати на училиште. Во зависност од неговата возраст, големата промена може да предизвика анксиозност со која можеби детето нема да знае да се справи. Побарајте од детето да ви каже за што е загрижено и на што најмногу се радува кога ќе дојде новата учебна година.

Креирајте визуелен календар

Помогнете му на детето да разбере кога ќе се врати на училиште. Креирајте календар со фотографии од минатата година кои ја покажуваат забавата што ја имало со своите наставници и соученици.

Покажете емпатија и валидизирајте ги нивните чувства пред да се обидете да ги поправите

Многу е важно вашите деца да чувствуваат дека се слушнати. Имаат голем притисок сега – потребата да бидат успешни на училиште, да се приспособат во социјализацијата, а некои дури и се справуваат со стравот да не изгубат член од семејството поради ковид-19. Можеби детето не го знае најдобриот начин за да ги изрази своите грижи. Ако покаже отпор за враќањето на училиште, признајте ги и имајте емпатија кон неговите чувства пред да почнете да го уверувате дека сè ќе биде во ред. Социјалните интеракции се критични за сите развојни години. По една година помината во онлајн-учење и ограничени контакти, децата сè уште се справуваат. Земањето учество во неколку активности неделно може да е од голема помош и поддршка за нивниот социјален раст, како и да предизвика да се чувствуваат подготвени за социјализација во училницата од следната есен.

Автор: Каролин Мекгвајер

Извор



912

X