Докажано е дека летните одмори имаат влијание врз фронталните лобуси на мозокот на децата, со што се подобруваат вниманието, концентрацијата, меморијата, способноста за учење…
Фамилијарните одмори имаат долготрајно влијание врз среќата на децата. Токму тоа им е потребно по депресивниот зимски период. Зголемете им го нивото на серотонинот, хормонот на среќата, на тој начин што ќе им ги исполните деновите со музика, смеа, сонце, прошетки и други интересни заеднички моменти.
Докажано е дека летните одмори имаат влијание врз фронталните лобуси на мозокот на децата, со што се подобруваат вниманието, концентрацијата, меморијата, способноста за учење, помагаат во регулацијата на стресот, како и на целокупното психофизичко здравје, а влијаат и врз социјалното интегрирање на детето во општеството.
Доколку сакате мирен и релаксиран одмор со деца, послушајте ги нашите совети:
1.Да се избегнува директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот!
2.Потребни се само десетина минути за детската кожа да изгори. Затоа ставајте крем за сончање на секои 2 часа, но знајте дека се потребни 30 минути да се впие во кожата за правилно да дејствува!
3.Користете заштитен крем и кога е облачно! Осумдесет проценти од УВ-зраците поминуваат и преку облаците!
4.Децата да носат лесна и светла облека и заштитна капа!
5.Доколку се појават изгореници на кожата, третирајте ги со мраз, ладни облоги, алое крем и аналгетици!
6.Хидрирајте ги вашите деца на секој час со вода, свежо цедени сокови, млеко и јогурти. Избегнувајте газирани и енергетски пијалаци!
7.Ако ги носите децата на базен, внимавајте бидејќи капењето во водата носи ризик од инфекции, меѓу кои со Cryptosporidium, Pseudomonas, Legionella. Затоа туширајте ги децата пред и по пливање во базен, советувајте ги да не ја голтаат водата и правете им пауза на секој час за тоалет. Ако детето има настинка или дијареја, не внесувајте го во базен за да се спречи ширење на инфекции!
912