Игротека

Шест особини што детето ги наследува од таткото

Генетиката не влијае само врз бојата на очите или висината, а придонесот на таткото во единствениот геном може да обликува различни аспекти од животот на децата – од личноста до вродените таленти.

Висина

Ако таткото е висок, дали тоа значи дека и детето ќе биде високо? Физичките карактеристики и изгледот во голема мера зависат од гените на таткото. На висината влијае генетиката на двајцата родители, но не постои еден „ген за висина“ кој едноставно се пренесува во семејството.

Постојат повеќе од 700 генетски варијации што ја одредуваат висината. Иако висината зависи од генот и на мајката и на таткото, истражувањата покажуваат дека гените на таткото често имаат поголема улога. Научниците го проучуваат IGF протеинот, кој го стимулира растот. Женските гени имаат контрадикторен рецептор IGF2R, кој може да го забави растот.

Биолошки пол

Ако таткото некогаш е разочаран што не добил син или ќерка, „виновникот“ е токму тој! Мажите се одговорни за одредување на биолошкиот пол на бебето.

Мажите даваат Y хромозом за синови и X хромозом за ќерки. Девојче настанува кога X хромозомот на таткото ќе се спои со X хромозомот на мајката, а момче кога Y хромозом ќе се спои со X хромозомот. Истражувањата покажале дека соодносот на половите во едно семејство често ја следи линијата на таткото, а не на мајката. На пример, маж со повеќе браќа има поголема веројатност да добие синови, додека маж со повеќе сестри најчесто има ќерки. Кај жените ваква поврзаност не е забележана.

Проблеми со менталното здравје

Генетиката влијае и врз хемијата на мозокот. Ако мажот стане татко подоцна во животот, квалитетот на спермата може да биде послаба. Тоа значи дека постарите татковци можат да пренесат мутирани гени на своите деца, што може да го зголеми ризикот од ментални болести или проблеми со менталното здравје.

Ова може да доведе до состојби како хиперактивност или биполарно нарушување. Децата родени од родители постари од 45 години може да бидат посклони кон тешкотии во учењето, па дури и кон самоубиствени тенденции.

Сепак, поновите истражувања покажуваат дека генетското влијание врз менталните нарушувања можеби не е толку силно како што претходно се мислело. Генетиката учествува со 10–20 отсто од вкупниот ризик, додека поголемиот дел го сочинуваат средината и надворешните фактори.

Y-поврзани нарушувања

Бидејќи момчињата имаат полов хромозом XY, тие го наследуваат Y хромозомот од таткото. Со тоа ги добиваат сите гени на овој хромозом, вклучувајќи особини поврзани со продукцијата на сперма и други исклучиво машки карактеристики.

Ова значи и дека можат да наследат Y-поврзани нарушувања кои се ретки бидејќи Y хромозомот содржи мал број гени. Примери:

Личност

Одредени карактеристики, како интелигенција, интровертност или екстровертност и темперамент, имаат генетска компонента и можат да се наследат. Истражувања спроведени врз близнаци покажале дека некои особини на личноста се 30–60 отсто наследни.

И факторите од околината имаат големо влијание. На пример, ако таткото е мирен човек, и детето може да е мирно – не само поради гените, туку и поради средината во која расте.

Складирање масти

Нашите тела содржат два вида масти:

Кафеава маснотија – се користи како извор на енергија.
Бела маснотија – се складира во телото; прекумерна количина може да доведе до дебелина и срцеви болести.

Истражувањата покажуваат дека количината на кафеава маст се наследува од мајката, додека складирањето на белата маст се наследува од таткото.

Тоа значи дека гените од таткото можат да влијаат врз начинот на складирање масти кај детето. Сепак, факторите од средината имаат големо значење, па така дебелината на таткото не значи дека и детето ќе биде дебело. Начинот на живот игра клучна улога за здравјето, без разлика на гените што сме ги наследиле.

Извор

Поврзани написи

To top