Игротека

6-годишно момче пронашло заб од огромна праисториска ајкула, стар до 20 милиони години

Шестгодишно момче пронашло заб на огромна праисториска ајкула, стара и до 20 милиони години.

Семи го открил забот, долг 10 сантиметри, на плажа со својот татко Питер додека бил на одмор во Сафолк, Англија.

Научниците проценуваат дека ајкулата мегалодон може да порасне до неверојатни 18 метри во должина, а да тежи до 60 тони.

Еволутивниот биолог, професор Бен Гарод, кој го потврди откритието на момчето, рече дека мегалодонот бил ловец од заседа и дека откритието на Семи е навистина голема работа.

Семи го опишал масивниот заб како негово најдобро откритие некогаш. Како што вели, го забележал додека играл во песокот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top