Видео на социјалната мрежа „Тик-ток“ неодамна стана популарно, а родителите масовно ја критикуваат и коментираат одлуката на оваа мајка. Имено, мајката на видеото го снимила нејзиниот 6-годишен син како станува во 6 часот наутро и си ја подготвува облеката, си прави појадок, а подоцна ги извршува работите низ дома.
Откако момчето ќе ги измие забите, ја чисти масата, ги става садовите во машината, потоа поминува со правосмукалката, го чисти подот и брише прашина.
Она што најмногу ги шокира луѓето е моментот кога детето го вади масажерот за стапала за неговата мајка. Кога ќе го заврши сето тоа, оди на училиште.
Многу корисници ја поддржаа мајката за нејзината одлука, додека други го критикуваа нејзиното воспитување. Дел од родителите сметаат дека треба да ги научиме децата да си ги завршуваат обврските низ дома, но дека ова е претерано.