Кога моето девојче имаше осум месеци, за малку ќе умреше затоа што изеде сирење. Во еден момент таа радосно ползеше по подот во кујната, а следниот беше врзана за количка, врескајќи и плачејќи во брзата помош. Кога набрзо потоа ѝ беше дијагностицирана повеќекратна алергија на храна опасна за живот, се чувствував како да сум втурната во непознат свет без насока и без заштитна мрежа. Што би можела да јаде? Како да го чувам моето девојче? Нешто поразително ни ги наруши животите и одеднаш се почувствував дека сум надвор од контрола. Безнадежна. Мислам дека шокот од нејзината дијагноза никогаш не помина, но по неколку месеци сфатив дека имам два избора: да се втурнам во мизерија или да дадам сѐ од себе за ќерка ми. Очигледно, го избрав вториот. Она што ме доведе таму беше надежта. Оттогаш, надежта ме носи напред низ толку многу неуспеси во врска со здравјето на мојата ќерка и – по десетина години – без сомнение ѝ помогна да напредува. Животот е полн со неочекувани пресврти и лоши патишта. Еден од клучевите за нивно надминување е да се има надеж. Еве 5 причини зошто треба да имате надеж:

1. Со надеж секогаш постои можност

– Само сакам да положам – ми рече син ми неодамна. Оваа изјава ми изгледаше како изјава на која ѝ недостигаше надеж.

– Ако твоите очекувања се толку ниски, се намалуваат и шансите да постигнеш повисоки резултати. Зошто не се надеваш на нешто повеќе? – му реков јас.

– Гледај да добиеш повисока оценка. Учи – му реков јас.

2. Со надеж полесно е да се одржува позитивен став

Според Кејси Гвин од Меѓународната алијанса за надеж: „Надежта е верување дека вашата иднина може да биде подобра од вашето минато и дека играте улога во тоа да се случи.“ Кога најдобрата другарка на ќерка ми се пресели, таа беше уништена. Тие беа најдобри другарки со години. Но, моравме да се надеваме дека ќе запознае нови пријатели. Отпрвин таа се спротивставуваше. Сакаше да се врати Натали. Но, со време и охрабрување, почна да се надева. Почна да им се придружува на другите. Иако Натали сè уште има посебно место во нејзиното срце, надежта доведе до нови пријателства.

3. Со надеж сте опремени да поставите нови цели

Надежта нè одржува да одиме напред, гледајќи кон иднината и она што следува. Кога бев мала, пишував приказни и сакав да бидам писателка кога ќе пораснам. Години подоцна, дојдоа бебиња, но јас продолжив да пишувам, надевајќи се дека еден ден пишувањето ќе го претворам во кариера. Преку други работи и пресврти, секогаш ја имав оваа цел на ум, надевајќи се дека еден ден ќе го остварам мојот детски сон. И, конечно, го направив тоа во вистинско време. Мајки, никогаш не откажувајте се од надежта. Соништата можат да се остварат, дури и ако доаѓаат многу подоцна.

4. Со надеж можете побрзо и подобро да закрепнете од ударите што ви ги задава животот

Сите сме соборени од удари и лоши вести. Но, откако ќе се смирите, најдете надеж да продолжите понатаму. Кога еден престижен лекар ми кажа дека мојата 8-годишна ќерка никогаш нема да може да пие млеко, јас се налутив. Но, одбив да му дозволам да ми ја украде надежта и решив да најдам начин. Сменив лекар и најдов еден кој ја сподели мојата надеж. Со него ќерка ми храбро започна програма за десензибилизација на млечни производи. И минатото лето, неколку недели пред нејзиниот 12. роденден, таа првпат јадеше пица. Со надеж градите издржливост. Вие сте истрајни. Се борите против секого или што било што ќе ви застане на патот.

5. Со надежта можете да напредувате, а не само да преживеете

Надежта нè прави посреќни. Наместо само да се снаоѓаме, ние се одлучуваме за нешто подобро.

– „Се надевам дека еден ден ќе одиме во Париз“, ѝ реков неодамна на ќерка ми. – И ќе можеш да избереш какво благо сакаш од слаткарницата. Таа се насмевна, со воодушевени очи. Заедно, го надминуваме она што некогаш беше толку застрашувачко. Таа ја гледа мојата надеж и ја носи во себе.

– Можеме ли да одиме ова лето? праша таа. Се смеев.

– Да започнеме со пекарницата на улицата“. Светот се отвора кога доаѓа надежта и одеднаш можностите се насекаде.

Автор: Мери Џо Вајс
Извор



912

X