Има милион прирачници за родителство кои можете да ги прочитате, но ниту еден од нив не може да ви каже сè што треба да знаете за да воспитате добар човек. Сепак, има 5 правила што секогаш треба да се почитуваат.
– Да се биде доследен родител. Секогаш. Без исклучоци. Децата тестираат каде се поставени границите и до каде им е дозволено нешто.
– „НЕ“ е многу важен збор во воспитувањето на детето. Воспоставените правила мора да се спроведуваат и без попуштање пред молбите на детето.
– Сожалувањето е патот до пеколот… Кога еднаш ќе попуштите, ќе му покажете на детето дека постои начин да го добие она што го сака. Секој следен пат кога ќе кажете НЕ, детето нема да престане додека повторно не попуштите.
– Детето треба да има обврски и задачи во домот. Тоа се едноставни задачи, приспособени на неговата возраст. Ова е важно заради стекнување чувство на одговорност. Вклучете го детето во она што го правите наместо да му дадете задачи кои самото ќе ги извршува. Пофалете го детето кога добро ќе заврши некоја задача. Веројатно потоа и самото ќе сака да ви помага.

– Детето треба да почувствува разочарување. Штитејќи го детето од сите животни неприлики, не му прави услуга. Во реалниот живот разочарувањата се неизбежни. Детето мора да научи дека не може секогаш да го добие она што го сака.
Со тоа ќе научи да ги контролира своето однесување и чувства. Тоа е добра подготовка за соочување со емоционалните стресови во реалноста.