Воспитување

5 начини да му помогнете на детето да биде независно

Како што растат децата, треба да добиваат повеќе одговорности. Не им правите услуга ако ги завршувате основните задачи наместо нив. Всушност, децата може да развијат беспомошност. Тоа значи дека на детето му недостига независност и не може да изврши задачи што му одговараат на возраста. За да добие поголема самодоверба и да стане поодговорно, следете ги овие 5 совети.

1. Направете листа

Креирајте листа со задачи кои детето ќе може самото да ги изврши, на пример, облекување или враќање на играчките на своето место. Зборувајте со децата за тоа кои задачи може да ги завршат. Ако се несигурни, нека вежбаат пред вас. Елиминирајте ги задачите за кои не се подготвени. Имајте на ум дека децата можат да изведат нешто подобро кога знаат што се очекува од нив.

2. Не очекувајте совршеност

Децата сè уште се обидуваат да ги сфатат сопствените моторички вештини, па грешки може да се случат, на пример, истурање на сок кога сакаат да си турат во чаша. Ако направат неред, обидете се да не ги критикувате. Наместо тоа, нежно покажете им го правилниот начин и објаснете дека никој не е совршен, бидејќи сите прават грешки.

3. Дајте им доволно време

Децата имаат потреба од повеќе време за да завршат одредени задачи во споредба со возрасните. Дајте им доволно време за да не бидат под стрес. На пример, ако му се потребни на детето 10 минути за да се облече наутро, започнете ја дневната рутина порано. Како што ќе вежбаат, побрзо ќе ги завршуваат задачите.

4. Развијте рутина

На децата им е потребна рутина за да ги менаџираат одговорностите. Ако нивната дневна рутина постојано се менува, ќе се збунат. Објаснете им кога треба да извршат комплексни специфични задачи. На пример, може да му кажете дека треба да ги крене своите играчки пред да оди во кревет. Кога ќе се приближува времето за одење во кревет, потсетете го детето дека треба да ги среди играчките пред да ги облече пижамите.

5. Понудете пофалба

Децата сакаат да им се прифатат работите што ги извршуваат. Упатете му на детето пофалба кога прави нешто самото, особено ако претходно за истата активност му требала помош. Можете да ги претворите грешките во пофалба. На пример, ако детето ја облече маицата наопаку, можете да го признаете фактот дека самото ја избрало облеката. Охрабрете го кога се чувствува фрустрирано.

На крајот… Можеби изгледа полесно вие да ги завршите работите наместо вашето дете, но кога му давате можност самото да ги заврши задачите, тоа почнува да развива чувство за одговорност и постигнување. Како што расте, детето ги зајакнува вештините за решавање проблеми. Постепено ќе развива независност и одговорност, па тоа ќе доведе до самодоверба, почит и способност да ги препознае потребите.

Автор: Роберт Мајерс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top