Игротека

5 лаги во кои веруваат мајките откако ќе го добијат првото дете

„Веќе никогаш нема да можам…“ – е најчестата реченица што можеме да ја слушнеме од жените кои станале мајки првпат. Погледнете во што сè можат да поверуваат мајките, иако тоа не е апсолутно точно.

Да бидеме искрени – во првите недели по породувањето животот навистина може да биде тежок. Да, тоа е навистина магичен период – мирисот на новороденчето не може да го надмине ништо на светот. Среќни сме што сме мајки. Но, за некои мајки ова е и најтежок период. Тогаш помислувате дека некои работи никогаш нема да се вратат во нормала, но верувајте – ќе се вратат.

1. Никогаш веќе нема да спијам во текот на ноќта

Физички би било невозможно која било мајка засекогаш да има лош сон. Имајте на ум дека ова е само фаза. Вашето дете ќе почне да спие во текот на ноќта. И вие ќе спиете. Ќе дојде ден кога ќе ја преспиете ноќта и ќе се разбудите свежи.

2. Нема веќе да патувам, ниту да правам забавни работи

И мајките се луѓе. Да, одреден период сепак ќе морате да бидете поблиску до домот, но повторно ќе имате време за себе. Ќе излегувате со пријателите, ќе одите на патувања и ќе имате разновидни авантури. Ќе бидете повторно она што сте.

3. Телото ми е уништено

Во ред, вашето тело изгледа навистина лошо, лицето ви е проголтано од темни подочници и не можете да замислите нормално седење на стол. Ќе бидете зачудени кога ќе забележите колку е во состојба да се менува телото за да направи бебе, но истовремено и да се врати во својата стара состојба. Можеби нема да биде идентично како пред бебето, но ќе биде прилично слично. Само дајте си време.

4. Никогаш повеќе со сопругот нема да бидеме сами

Децата не ја окупираат само куќата, туку и спалната соба. Но, знаете што – ова е само привремено. Со текот на времето децата ќе се сместат во свој простор. Ќе спијат и во одреден период ќе одат и на училиште. Не откажувајте се од романтиката со сопругот.

5. Никогаш нема да ја соблечам оваа облека и да излезам од дома

Со првото бебе навистина имате чувство дека постојано сте во некоја стара и извалкана облека. Во еден момент во блиска иднина ќе се средите, нашминкате и ќе изгледате совршено, верувајте!

Извор

Поврзани написи

To top