Иако јапонскиот стил на родителство е различен од нашиот, овие трикови можеме да ги „украдеме“ од нив.
Јапонските деца се едни од најздравите и најсреќните на светот, покажало истражувањето објавено во научното списание „Лансет“. Резултатите од истражувањето исто така откриле дека јапонските деца имаат најдолг животен век.
И покрај тоа што јапонскиот стил на родителство е малку поинаков отколку нашиот, постојат неколку општи трикови што дефинитивно не е лошо да се испробаат, ако веќе не ги практикувате.
1. Пофалба за трудот, а не за способноста
Во Јапонија детето е секогаш пофалено за својот труд, а не за својата способност. Таквиот начин на охрабрување и пофалба вреди и кога детето има проблем со нешто, бидејќи родителите веруваат дека детето тогаш ќе се труди уште повеќе.
2. Почитта на прво место
Мала е веројатноста дека ќе видете јапонско дете како има напад на бес среде продавница. Јапонските родители уште од најраната возраст ги учат децата да имаат почит кон постарите и да размислуваат како нивното однесување влијае врз другите.
3. Ако не е далеку, одете
Во Јапонија е нормално да се видат мали ученици самостојно да одат на училиште. Според Светската здравствена организација, повеќе од 98 проценти од децата одат пеш на училиште. Во Јапонија ова правило е од голема важност, и затоа јапонските родители ги учат своите деца како да одат на повеќето места користејќи ги своите нозе. Ако не е далеку – оди!
4. Нема викање
Во Јапонија зборот за дисциплина е ‘shitsuke‘. Овој збор приближно може да се преведе како „воспитување“. Наместо викање, во јапонското дисциплинирање на децата секогаш вреди правилото размислување за последиците за она детето што го направило.
5. Самостојност од почетокот
Од најраната возраст децата во Јапонија се учат да бидат самостојни и самоуверени. Затоа јапонските деца од мали им помагаат на своите родители во домашната работа, а во градинката и во училиштето продолжуваат со ваквите навики. Им требаат ли и на нашите деца овие јапонски лекции?