Деца.мк – омилениот портал на родителите во Македонија – денеска го слави 5. роденден.

За тимот кој стои зад овој портал, овие пет години поминаа многу брзо, секогаш во потрага по свежи и релевантни информации.

Насочени кон поддршка на родителите, изминативе пет години успеавме да им помогнеме на околу 350 мајки и татковци кои побараа помош од нашите психолози во рамките на рубриката „Прашај психолог“. Тоа за нас е чест и знак дека публиката која нè следи ни верува.

Шестата година ја почнуваме со надеж дека ќе успееме да ги исполниме очекувањата на нашите читатели и да им го олесниме животот на родителите.

За многу години!



912

X